
Крмов и Апасиев го прекршија етичкиот кодекс на Собранието – со каква казна може да се соочат?
Димитар Апасиев и Борислав Крмов со денешните говори, кршење на монитори и фрлање со хартија го прекршија етичкиот кодекс на Собранието за кој имаат потпишано изјава дека ќе го почитуваат.
Во член 7 од правилата за однесување стои дека пратеникот е должен да ги почитува правилата на однесување за одржување на редот на седницата во Собранието и тоа:
Во кодекстот исто така пишува дека строго се забранува сиа и насилничко однесување од страна на пратеникот.
Етичкиот кодекс ги квалификува повредите како лесни и тешки. Во лесни спаѓаат нарушување на текот на седницата, користење на мобилен телефон или лаптоп, непристојно облекување или однесување на пратеник со кое се повредува угледот и достоинството на Собранието.
Како тешки повреди се квалификуваат користењето на зборови, изрази или нивни синоними со кои се омаловажуваат други лица и со кои се навредува нивото достоинство, работењето во личен интерес, поттикнување на омраза, нетолеранција или насилство, вршење на притисок на државните службеници и на другите вработени во Службата на Собранието во извршувањето на нивните работни задачи и друго.
Мерките пак кои може да бидат преземени за да се санкционира пратеник се многу благи. Може да се изрече опомена за лесна повреда и јавна опомена за тешка повреда на етичкиот кодекс.
Постапката за повреда на Кодексот застаруваат во рок од шест месеци од денот кога повредата е направена.
Инаку секој пратеник по верификацијата на мандатот потпишува изјава со која изјавува дека при вршењето на функцијата пратеник ќе ги почитува одредбите од етичкиот кодекс.
Претставка може да поднесе секој пратеник до комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Пријавите не може да бидат анонимни.