Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се бара итно решение за црната точка на новиот експресен пат Градско-Дреново каде загинаа петмина за два месеца
Македонија

Се бара итно решение за црната точка на новиот експресен пат Градско-Дреново каде загинаа петмина за два месеца

08/08/2025

AA

Само два месеца по пуштањето во употреба, исклучувањето од новоизградениот експресен пат Градско-Дреново стана црна точка, каде животите ги загубија пет лица, а едно дете беше тешко повредено. Причина – остар свиок, недоволна сообраќајна сигнализација и висока брзина.

Последната трагедија се случи пред два дена, кога две лица од Делчево излетаа од патот токму на критичниот дел кај исклучокот. Пред тоа, истиот дел веќе однесе три животи.

Жителите на населбата Стопанство, која се наоѓа непосредно до проблематичниот свиок на влезот кон автопатот за Скопје, алармираат дека бројот на несреќи е уште поголем од пријавеното. Тие сведочат дека возила често завршуваат во нивните дворови и додаваат дека уште за време на изградбата предупредувале на опасноста, но нивните барања биле игнорирани.

Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека ситуацијата е сериозна и веќе се преземаат итни мерки.

„Пред 20 дена дадовме налог за ново сообраќајно решение со кое ќе бидат поставени дополнителни знаци што ќе ги предупредуваат возачите да ја намалат брзината“, изјави директорот на ЈПДП, Коце Трајановски за Сакам да кажам. Тој посочи дека новиот проект е веќе подготвен, но сега се чека одобрување од Министерството за транспорт и врски за да започне имплементацијата.

Трајановски нагласи дека станува збор за проект наследен од претходното раководство и одобрен од сите релевантни институции, а интервенции што отстапуваат од него би можеле да значат кривична одговорност.

„За зголемување на безбедноста, во моментов можеме да поставиме само повеќе сообраќајни знаци. Но, размислуваме и за нов, поголем градежен зафат – со изградба на мостови кај исклучувањето. Веќе сме во консултации со експерти и професори за да се изнајде соодветно решение“, додаде Трајановски.

Експресниот пат Градско-Дреново беше отворен на 30 јуни оваа година, по изградба која траеше од 2016. Вкупната инвестиција изнесуваше 44,7 милиони евра, обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy