
Кризниот штаб на Гази Баба на терен: Врнежите од снег ги дочекале подготвени!
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски на својот Фејсбук профил објави дека кризниот штаб е на терен.
Тој додава дека врнежите од снег ги дочекавме подготвени!
„Од 06:00 часот утрово е активен Кризниот штаб на општина Гази Баба кој има за цел справување со последиците од врнежите на снег кој од рано утрово го зафатија Скопје. Интензитетот на врнежите е поголем во планинскиот дел на општината и за таа цел повеќе од еден час економските оператори задолжени за расчистување на снегот се на терен каде што се чисти снегот и се фрла сол и ризла. Граѓаните можат да бидат спокојни. Кризниот штаб ќе биде активен и на терен се додека е потребно. Се грижиме граѓаните непречено да имаат можност да ги реализираат своите секојдневни обврски. Безбедноста на сообраќајот е наш врвен приоритет при вакви временски услови и нема да дозволам ниту едно населено место во општина Гази Баба да биде отсечено од сообраќајот!“, порача Бобан Стефковски.

