Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КРИЗЕН СЕПТЕМВРИ: ЕСМ купува струја за 4 милиони евра за само две недели?
Економија

КРИЗЕН СЕПТЕМВРИ: ЕСМ купува струја за 4 милиони евра за само две недели?

17/09/2024

AA

ЕСМ објави оглас за долгорочна набавка на електрична енергија за период од две недели, во кои на два пати авансно ќе се купува струја од добавувачи во период кога на регионалната HUPX берза има големи ценовни отстапувања..

Огласот се однесува за периодот од 18 до 30 септември. За само 13 дена се бараат 35.000 мегаватчасови електрична енергија, што досега е незапаметено да се купува толкаво количество во рок помал од две недели во летните месеци. Наскоро се очекува да бидат објавени и имињата на снабдувачите кои ќе бидат избрани.

Ако се проверат актуелните цени на HUPX берзата „ден однапред“, таму овие денови просечно мегаватчас се продава по околу 120 евра. Ако останат овие цени, тоа значи дека ЕСМ Продажба за набавката ќе плати калкулантски 4,2 милиони евра, што барем оваа година тоа не се случило ни одблиску.

ЕСМ Продажба досега купуваше струја во зимскиот период, кога цените беа многу поевтини и се движеа од помалку од 50 евра до околу 75 евра по мегаватчас. Фирмата-ќерка на ЕСМ купуваше струја и во летниот период, кога цените достигнаа и до 150 евра, но за разлика од актуелниот оглас, бараните количини беа многу помали.

Цената што ќе биде прифатена ќе важи за целиот период од 13 дена, или пак снабдувачот ќе може да ја наплати по тековната цена на HUPX берзата ден-однапред плус трговската маржа.

Ова е четврти оглас во низа и вкупно петти за набавка на електрична енергија на ЕСМ во летниот период, а претходните беа од јануари до април. ЕСМ Продажба и минатото лето купуваше струја – во текот на јули и август 2023 купи електрична енергија на слободниот пазар за сума од 7.625.000 евра во летен период кога вообичаено се продаваат вишоци, наместо да се купува увозна струја, со објаснување дека причина бил топлотниот бран. Инаку, летото 2022 ЕСМ Продажба не купи ниту еден киловатчас струја, а наместо тоа продаваше ноќни вишоци на струја. Купувањето на електрична енергија е вообичаено за зимските месеци, односно во текот на грејната сезона кога ЕСМ нема доволни произведени количини за да му ги предаде на универзалниот снабдувач на домаќинствата и малите потрошувачи. Оваа година и обврската кон ЕВН Хоме е помала – треба да го снабди универзалниот снабдувач само со 85 отсто од потребите.

Ако може да се смета на извештајот на националниот оператот на пазарот на електрична енергија МЕМО, ЕСМ во текот на целата 2023 година купил струја за севкупни 774 милиони денари, или околу 12,6 милиони евра. Со ова темпо на огласување, акционерското друштво во државна сопственост и најголем производител на енергија во земјата, многу лесно ќе ја надмине мината година со парите дадени за оваа непопуларна мерка.

Регулаторната комисија за енергетика и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини пред неколку дена ја информираа Европската енергетска заедница дека во дел од земјите на Југоисточна Европа, кои гравитираат околу HUPX берзата, се регистрираат нетипично високи цени на пазарот на електрична енергија. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со официјално писмо до директорот на ЕЕЗ Артур Лорковски бараат да мобилизира екипа која ќе направи детална анализа и ќе ги скенира причините поради кои се регистрира голема нерамнотежа на цената на струја од земја до земја.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ

11/10/2026
Македонија

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица

11/10/2026
Македонија

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време,

11/10/2026
Македонија

ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ОДБЛОКИРААТ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА Вети

11/10/2026
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА, МУ СЕ ПРЕВРТЕЛО КАНУТО Го нашле на околу

11/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА САКА ЕВРОПСКА ИДНИНА СО ИСПРАВЕНА ГЛАВА Мицкоски повика на

11/10/2026
Македонија

ШЕСТМИНА ПОЛИЦАЈЦИ СУСПЕНДИРАНИ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВРЗ ДВАЈЦА АЛБАНЦИ Ќе одговараат

11/10/2026
Македонија

НА 11 ОКТОМВРИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАСТАНА НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА Николоски

11/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46113
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ СНИМИ ЗА ТИК ТОК Две

11/10/2026

Две кривични пријави доби возачот на мотоцикл кој дивееше на булеварот Партизански одреди во Скопје, соопшти полицијата. На 10.10.2026 било

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица возачи

11/10/2026

Полицијата казни четворица возачи кои со возила блокирале булевар во Скопје додека оделе на свадба. Во видеото кое било споделено

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време, ги пронашла косовската служба за

11/10/2026

Безбедно се извлечени двајца странски државјани од Пирибег денеска, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Утрово во 08:22 часот,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy