
КРИЗА ВО ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА: Без работа ќе останат 10.000 работници
Ќе се укинат 10.000 работни места во градежниот сектор во Германија следните месеци.
Поради намалувањето на изградбата на станови, овој сектор се соочи со криза. Причината за кратењето на работните места е слабиот промет во градежниот сектор, по намалувањето на продажбата на станови од 12 отсто лани. Здружението на градежната индустрија на Германија (ХДБ) објави дека овој економски сектор очекува да загуби скоро 10.000 работни места, јавуваат германските медиуми. Се очекува продажбата на станбен простор годинава да се намали за нови 12 проценти. Но, кога повторно ќе се опорави секторот, секој квалификуван работник ќе биде потребен.
foto freepik.com
