
КРИЗА ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ: Дали кафето ќе поскапе?
Кризата во Црвеното Море ќе влијае на пазарот на кафе.
Трошоците на европските пржилници за кафе нагло се зголемија поради кризата во Црвеното Море и ги принудија да бараат нови извори на оваа стока.
Цените на товарот за контејнери на линијата Азија-Европа поскапеа за околу 150 отсто. Бродовите со зрна кафе од Виетнам и Индонезија го заобиколуваат Црвеното Море, кое е цел на јеменските Хути, и патуваат околу Р’тот на добра надеж, поради што стоката пристигнува во Европа околу три седмици подоцна.
Хутите не планираат да запрат со напади. Тие погодија повеќе бродови. Хутите даваат поддршка на Палестинците од Газа и нивната група Хамас.
foto freepik.com
