Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска за 80 години од ослободувањето: Денес, како и пред 80 години стоиме на вистинската страна на историјата, залагајќи се за слобода и напредок
Македонија

Петровска за 80 години од ослободувањето: Денес, како и пред 80 години стоиме на вистинската страна на историјата, залагајќи се за слобода и напредок

18/01/2024

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска се обрати на трибината посветена на Народноослободителната борба и 80 години од ослободувањето каде се осврна на влогот на партизаните во создавањето на слободна и независна македонска држава и вредностите на борците кои и денеска се наша реалност во градењето на независна, суверена држава, членка на НАТО – Алијансата.

Министерката Петровска истакна дека членовите на Сојузот на борци имаат голема улога во достигнувањето на нашата стратешка цел – членството во НАТО и дека со нивна поддршка најдовме решенија за сите предизвици.

„Со вашето искуство и вашата мудрост, секогаш сте биле на вистинската страна, а тоа е на страната на напредокот на државата. Помогнавте да се оствари една од најважните стратешки цели за нашата држава и сонот, и ваш и на вашите деца и на вашите поколенија“, рече министерката.

Петровска додаде дека пред нас е важна задача да продолжиме да развиваме просперитетна и демократска држава интегрирана во Европската Унија.

„Успехот што денеска нашето знаме гордо се вее со другите знамиња на моќни земји членки на Алијансата е успех кој покажува дека со труд и посветеност резултати ќе имаме. Во битката за европската интеграција на нашата држава ние нема да се откажеме и ќе победиме затоа што вие нè научивте дека треба да победуваме“, порача Петровска.

Министерката додаде дека Сојузот на борците ќе продолжи да ја добива сета поддршка од Министерството за одбрана и од Армијата, на тој начин негувајќи го делото на борците од Народноослободителната борба.

„Јас сè уште ги памтам тие снимки кога тие кои ја создаваа оваа држава беа избркани од сопствените простории. Нема да дозволиме никогаш тоа да се повтори и најважно од сè е дека ќе најдеме простории кои ќе бидат навистина репрезентативни“, рече министерката.

На трибината се обратија и претседателот на Сојузот на борците, Никола Стојановски, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026

Мало дете од Куманово било итно пренесено во болница откако испило бензин. Случајот бил пријавен во полицијата во текот на

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026

Речиси шест милиони денари изнесуваат трошоците за обезбедување питка вода за жителите на Гостивар во периодот додека беше во сила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy