Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична за 13 лица по вчерашната акција: Одземена документација, телефони, музниција, возила…
Македонија

Кривична за 13 лица по вчерашната акција: Одземена документација, телефони, музниција, возила…

11/03/2025

AA

На 10.03.2025 спроведена е полициска акција од страна на Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК, при што врз основа на обезбедени наредби од Основен кривичен суд извршени се претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати.

Во рамки на акцијата лишени од слобода се 11 лица, едно лице е недостапно за органите на прогонот и едно е со мерка притвор.

До сега, од извршените претреси пронајдени и одземени се документација, пет мобилни телефонски апарати, околу 1500 парчиња муниција од различен калибар, два пиштоли и три патнички моторни возила.

Од страна на МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесена е кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ против 13 физички и едно правно лице и тоа: В.К. (55) од Битола, А.М. (44) од Скопје, Н.С. (61) од Општина Маврово и Ростуше, Е.П. (52) од Скопје, М.Н. (60) од Скопје, Б.М. (51) од Скопје, Р.Р. (48) од општина Желино, Д.С.Ј. (43) од Куманово, Д.С. (66) од Скопје, Д.С. (43) од Велес, Р.К. (38) од Скопје, Е.С. (43) од Кичево и А.Ј. (40) од с.Пласница и правно лице од Скопје.

МВР по насоки на надлежниот јавен обвинител ќе продолжи со преземање на понатамошни полициски активности и дејствија со цел обезбедување на други докази поврзани и со други кривични дела.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44912
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе ги поврзе Големото Езеро и

08/08/2026

Стариот земјен пат на Пелистер, кој потекнува од периодот на Првата светска војна, треба повторно да биде ставен во функција

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП бара итно поставување м-таг на

08/08/2026

Либерално-демократската партија (ЛДП), поради сѐ почестите сообраќајни метежи и колони на патиштата низ државата, побара итно поставување на М-ТАГ уреди

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026

Денеска се навршуваат 25 години од заседата на армискиот конвој кај Карпалак во која убиени беа десет припадници на Армијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy