Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против инспектори од ДПИ
Магазин

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против инспектори од ДПИ

29/03/2024

AA

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против шест службени лица – инспектори, вработени во Државен пазарен инспекторат, и тоа: С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), сите од Скопје, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл 353 од КЗ на РСМ, соопшти денеска МВР.

Во текот на март и април 2023 година, преземајќи службени дејствија и вршејќи контрола кај три објекти обележани како менувачници, лоцирани во близина  на Бит Пазар, Скопје, за кои било утврдено дека не биле регистрирани како правни лица и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење,  а подолг временски период работеле како менувачници, пријавените, како што стои во соопштението, согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност согласно кој истите сами навеле дека постапуваат,  на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат решение за забрана за вршење на дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот, како и да им изречат глоба во износ од 1000 до 20.000 евра во денарска противвредност.

– Но, пријавените пазаришни инспектори ги прекршиле сите одредби од наведениот закон и во три извршени вонредни инспекциски надзори на затекнатите лица во сите три  објекти како  менувачници, ниту им издале решение за забрана за вршење на нерегистрирана дејност,  ниту им ги запечатиле просториите каде што ја вршеле противзаконската активност, ниту им ги одзеле средствата, предметите и  опремата со кои е направен прекршокот ниту пак им изрекле глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра. Напротив, во сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците им изрекле еднократна парична глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на законот за забрана и спречување на  вршење на нерегистрирана дејност и со неизвршување на својата службена должност го сториле кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, појаснуваат од МВР во соопштението. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОПЛАВЕН ДЕЛ ОД ПАТОТ ОХРИД СВЕТИ-НАУМ, ИМА ДО 30 САНТИМЕТРИ

21/11/2025
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ ОБЈАВУВАЛ РАСИСТИЧКИ СОДРЖИНИ Доби пријава за говор на омраза

21/11/2025
Македонија

СО ЛАЖЕН СЕРТИФИКАТ ЗА АНГЛИСКИ КОНКУРИРАЛА ЗА ДИРЕКТОРКА НА УЧИЛИШТЕ

21/11/2025
Македонија

ИМА ВРСКИ МЕЃУ СДСМ И ИНИЦИЈАТИВАТА НА КАЦАРСКА ПРОТИВ ЛИНЕАРНОТО

21/11/2025
Македонија

ЗЕМАЛЕ ПОТКУП ОД СИНОТ НА ГАЗДА ДЕКО, ЗА ДА МУ

20/11/2025
Македонија

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР И МНОГУ ДОЖД Невреме за

20/11/2025
Македонија

ВИДЕО Претепана малолетничка, но правдата е блокирана: Обвинителството во Штип

20/11/2025
Македонија

Новогодишна кампања на Телеком: Најтешката порака е неиспратената

20/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37888
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОПЛАВЕН ДЕЛ ОД ПАТОТ ОХРИД СВЕТИ-НАУМ, ИМА ДО 30 САНТИМЕТРИ ВОДА Поголеми одрони на патот

21/11/2025

Од ноќеска по 3 часот непрооден е дел од патниот правец Охрид-Свети Наум, во близина на стовариште „Митко“, каде на

ОХРИЃАНЕЦ ОБЈАВУВАЛ РАСИСТИЧКИ СОДРЖИНИ Доби пријава за говор на омраза

21/11/2025

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Д.(57) oд Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на

СО ЛАЖЕН СЕРТИФИКАТ ЗА АНГЛИСКИ КОНКУРИРАЛА ЗА ДИРЕКТОРКА НА УЧИЛИШТЕ Пријава за фалсификат во Пехчево

21/11/2025

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(57) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy