Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава за полицаец од СВР Охрид – си носел дрога на работното место, а потоа одбил тестирање!
Македонија

Кривична пријава за полицаец од СВР Охрид – си носел дрога на работното место, а потоа одбил тестирање!

02/04/2025

AA

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при МВР до  надлежното Основно јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против А.М., полициски службеник во ПСОН Охрид при СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори “ по член 215 став 1 од КЗ. Во временскиот период кога полицискиот службеник А.М. бил предвиден за работа и извршувал работни задачи на обезбедување на вила Бела (поранешна вила Македонија), сопственост на Министерството за внатрешни работи, од страна на  вработени во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди бил извршен  преглед врз А.М. и работната просторија- стражарската куќарка, при што од прегледот во работната просторија, на работната маса била затекната метална лажица во која имало бела прашкаста материја, хартиена салфетка во која имало бела прашкаста материја и мало пластично шише со нн течност, со импровизирана цевка од банкнота од 10 денари, затворено со алуминиумска фолија на отворот на шишето, на која имало остатоци од нн материја.

Од страна на вработени од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди А.М. бил известен за потребата од испитување за присуство на матаболити од наркотични средства во урината во Институтот за судска медицина во Скопје. Од страна на доктор на Итна медицинска помош Охрид било утврдено дека А.М. е во добра општа состојба и може да патува во Скопје, но истиот одбил да соработува со вработените на Одделот и да се подложи на испитување.

Против А.М. од страна на  Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди веќе е покрената дисциплинска постапка и задолжителна  мерка за отстранување  од работното место- суспензија од работното место.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy