Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје
Македонија

Кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје

11/03/2024

AA

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје поднесе кривична пријава против полицискиот службеник З.Ц. и против правно лице – агенција за обезбедување, на која тој е сопственик и управител, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи, казниво по член 396 од кривичниот законик. Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор и согласно член 214 од Колективниот договор на МВР донесено е решение за отстранување на З.Ц. од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.

Имено, на 26.12.2023, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле две ловечки пушки „Црвена застава“, ловечка пушка „Бенели арми“, ловечки карабин „Бровинг“, ловечка пушка „Берета“, четири кутии со барут, четири кутии со сачми, алат за изработување ловечки патрони, 36 куршуми различен калибар и 22 ловечки патрони. Додека, при претрес во просториите кои ги користи неговото правно лице, биле пронајдени и одземени пиштол „чешка зброевка“, пушка „Крико“ и пушка „Берета“.

Со ваквите дејствија, полицискиот службеник З.Ц. постапил спротивно и на член 16 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР, според кој работниците не треба да ги вршат дејностите кои се во судир со внатрешните, односно полициските работи – работа како управител во правно лице и дејности поврзани со оружје и експлозивни материи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy