Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава против управителка од Крива Паланка за повреда на работнички права и злоупотреба на лични податоци
Македонија

Кривична пријава против управителка од Крива Паланка за повреда на работнички права и злоупотреба на лични податоци

21/04/2026

AA

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против В.П.(45) од Крива Паланка и правен субјект од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од работен однос“ и „злоупотреба на лични податоци“.

В.П., во својство на управител на правниот субјект, на еден работник му исплатила регрес за годишен одмор во намален износ од 1.000 денари, а во повеќе наврати не изготвувала договор или анекс на договор за вработување или престанок на работен однос во писмена форма и покрај тоа што работникот од јули 2018 година до октомври 2019 година во повеќе наврати имал престанок на работен однос.

Исто така, не водела уредно писмена евиденција за работно време, со што таа и второпријавеното правно лице постапиле спротивно на одредбите од Закон за работни односи и Општиот колективен договор за приватен сектор од областа на стопанството, повредувајќи и ограничувајќи му ги правата на работникот кои му припаѓаат, како и без согласност на лицето да користи негови лични податоци,  спротивно на начелата на „законитост и правичност” и „минимален обем на податоци” и без да обезбеди соодветна заштита на личните податоци.

Имено, во еден документ на огласна табла во просториите на правното лице го објавила матичниот број на вработениот, спротивно со одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy