Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава против седум високи полициски функционери од СВР Штип и ОВР Кочани
Македонија

Кривична пријава против седум високи полициски функционери од СВР Штип и ОВР Кочани

19/03/2025

AA

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против В.П., В.Н., Ј.Т., Б.Г., В.И., Г.И. и А.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 став 2 во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 2 и став 3 од Кривичниот законик.  

Првопријавениот В.П. – главен инспектор за сообраќајни работи во Одделението за полиција при СВР Штип во времето на извршување на делото и второпријавениот В.Н. – самостоен инспектор за планирање, резервен состав, превенција и справување со кризна состојба во Одделение за полиција во СВР Штип, на 06.03.2023 до Министерство за економија доставиле известување каде, спротивно на член 6 став 3 од Законот за угостителска дејност, констатирале дека кабаре Пулс од Кочани ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај и покрај тоа што не извршиле целосна проверка пред да ја издадат позитивната согласност за издавање на лиценца за кабаре. Третопријавениот Ј.Т. – началник на Одделение за полиција во СВР Штип за време на извршување на делото и четвртопријавениот Б.Г., – началник на СВР Штип, на 06.03.2023 го одобриле и потпишале известувањето до Министерство за економија во кое е констатирано дека кабарето ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај. Петтопријавениот В.И., – документарист во Полициската станица Кочани, на 06.03.2023 изготвил телеграма во која не дал точни и целосни податоци дека во и во близина на кабаре Пулс има пријавени нарушувања на јавен ред и мир и пријавени кривични дела, односно дал податоци само дека против правното лице и против одговорното лице во правното лице се поднесени две барања за поведување прекршочна постапка. Додека, шестопријавениот Г.И. – заменик командир на Полициската станица Кочани и седмопријавениот А.М. –  началник на Одделение за внатрешни работи Кочани во времето на извршување на делото, иако знаеле дека има повеќе пријавени нарушувања на јавен ред и мир во и во близина на кабарето, ја потпишале телеграмата, со што не постапиле според прописите за мерките за заштита и не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за издавање лиценца за кабаре.

По наредба на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција дадена е наредба за лишување  на лицата и нивно спроведување на суд.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy