
Крипто берзата Binnens го блокираше повлекувањето на биткоин четири часа
Најголемата светска крипто берза Binnens денеска го блокираше повлекувањето на главната криптовалута биткоин поради големиот обем на трансакции.
Блокирањето на повлекувањето на биткоини било забележано утрово и вчера, а траело околу четири часа, пренесува Ројтерс.
Тековните трансакции се завршуваат со поголема компензација за операциите на оваа крипто берза.
Binance, најголемата берза за криптовалути во светот, го паузираше повлекувањето на биткоини на платформата по втор пат за помалку од 12 часа. Компанијата го наведе метежот на блокчејнот предизвикан од големиот обем на трансакции како причина за притискање на фугмет за пауза.
– Нашиот тим моментално работи на поправка и ќе ги отвори повторно повлекувањата на биткоин што е можно поскоро – објави компанијата на Твитер.
– Има голем број трансакции од Binance кои сè уште се на чекање, бидејќи нашите утврдени такси не го предвидеа неодамнешното зголемување на надоместоците за мрежата – се додава.
По два прекини, берзата за криптовалути успеа да се смири и продолжи со повлекување, иако со мали промени пренесува „Телеграф“.
– За да не се повторат слични работи во иднина, нашите хонорари се променети. Ќе продолжиме да ги следиме активностите на синџирот и соодветно да се прилагодуваме доколку е потребно – се вели во соопштението.
We’ve temporarily closed #BTC withdrawals due to the large volume of pending transactions.
Our team is currently working on a fix and will reopen $BTC withdrawals as soon as possible.
Rest assured, funds are SAFU.
— Binance (@binance) May 8, 2023
Според податоците достапни од CrpitoQuant, метежот настанал затоа што платформата имала најголемо нето дневно повлекување биткоин во историјата – нето 175.646 токени.
Важно е да се напомене дека ова не е прв пат Binance да се соочи со ваква ситуација. Во март 2023 година, откако биткоинот падна за околу еден процент на 28.191 долари, Binance ги суспендираше депозитите и повлекувањата поради технолошки проблеми.
Покрај тоа, во декември минатата година, Binance забележа повлекување од 1,9 милијарди долари во текот на 24-часовниот период помеѓу 12-ти и 13-ти декември.
