Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „КРЕНИ – ПРОМЕНИ“: Срамота е највисоките официјални лица да ги бранат реалити програмите
Регион

„КРЕНИ – ПРОМЕНИ“: Срамота е највисоките официјални лица да ги бранат реалити програмите

15/05/2023

AA

Од тимот на
„Крени – Промени“ во Србија бараат укинување на реалити шоуата кои се емитуваат
кај нив и за кои сметаат дека се еден од факторите кои придонесуваат за
девијантните појави во општеството.

Велат дека во
овие реалити програми пред јавноста се промовираат насилството и криминалот. По
масакрите кои се случија во Србија, каде ученик уби 9 луѓе, а друго младо момче
уби 8 лица, тие почнаа петиција за oдземање на дозволите на два тв канали, Пинк и Хепи.

„Никој не е толку
неодговорен трагедијата директно да ја поврзе со реалити програмите, но никако
не смее да се запостави нивното влијание во промоцијата на насилството и
криминалот во јавниот простор. Срамота е највисоките
официјални лица да ги бранат реалити програмите и да го релативизираат
нивното влијание. Се споменуваат социјалните мрежи како проблем, а на
социјалните мрежи се споделуваат видеа од насилството во реалити програмите. На
телевизија вие воспоставувате образец на однесување, а во емисии каде гостуваат
политичари, каните криминалци и насилници од реалити програми. Со тоа на целото
општество му наметнувате посакуван образец на однесување. Пред 4 години во
реалити на Хепи телевизија се случи инцидент, учесник дојде со пиштол и гледате
дека тоа е промоција на насилство на национална фреквенција“, велат од „Крени –
Промени“  за Фактор.

Снимката ја
доставиле до надлежените институции од каде рекле дека не можат да оценуваат
јутјуб канали.

„Веќе 4 години во
Народното собрание стои народна иницијатива која е поднесена и со која се бара
половина час програма за деца, половина час програма за малолетници и
ограничување на реалити програмите“, додаваат од „Крени – Промени“.

Во Србија често
во билтените на полицијата има грозоморни настани, тепачки, убиства. И
просветните работници во Србија бараа забрана за реалити. Во најновиот
инцидент, момче на возраст од 13 години со секира и нож повреди мајка и син во
Војводина. Опозицијата во Србија организираше протест против насилство, но
власта тврди дека фотографиите од овој протест се фотошопирани и дека немало
масовност. За да го релативизираат насилството, дел од српските владини
функционери во телевизиски гостувања набројуваа колку престрелки се случиле во
САД или некоја друга земја.  Во реалити
програмите има навреди, пцовки, тепачки, експлицитни сцени и слично.

Сања Атанасовска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy