Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Соборот на СПЦ треба да расправа за македонското прашање – интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА
Македонија

Соборот на СПЦ треба да расправа за македонското прашање – интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА

15/05/2023

AA

Светиот архијерејски Собор на Српската православна црква, што почна вчера со богослужба во белградскиот храм Свети Сава, денеска треба да го одржи работниот дел на кој се очекува да се разговара и за македонското прашање односно за приклучувањето на ПОА во МПЦ-ОА.

Заседанието на највисокото архиерејско, црковно-законодавно и црковно-судско тело на СПЦ под водство на патријархот Порфириј во криптата на Светиот великомаченик кнез Лазар од црквата Свети Сава, според договорената процедура, ќе почне со утврдување на дневниот ред и предлозите доставени од Синодот, а потоа ќе бидат разгледани извештаите за работата на архиереите во сите епархии, како и на централните црковни тела и органи. Како што е најавено на веб страницата на СПЦ, на крајот од заседанието на Соборот ќе биде објавено соопштение за јавноста.

Иако во соопштението за одржувањето на Соборот на СПЦ не е конкретно наведено, српските медиуми објавија дека покрај Косово кое е редовна тема, ќе се разгледува и македонското прашање.

Според агенцијата Бета, „македонското прашање секако ќе биде пред патријархот и епископите“. На минатиот Собор беше одлучено Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ) да добие томос за автокефалност, со што се надмина повеќедеценискиот меѓуцрковен спор.

-Бидејќи Соборот е одговорен за најважните одлуки, можно е да соопшти што се случува со Православната Охридска Архиепископија (ПОА) формирана како автономна во рамките на Српската црква, што беше одговор на долгогодишното одбивање на МПЦ да се врати во таков статус, пишува Бета.

Во пресрет на седницата на Соборот, според Бета, во Белград престојувала делегација на МПЦ-ОА и во Патријаршиската палата разговарала со патријархот Порфириј. Официјална потврда и соопштение нема, но опцијата која претходно се споменуваше е ПОА да се интегрира во МПЦ-ОА.

Ова прашање како тема на Саборот на СПЦ беше најавено и во Скопје по седницата на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА на 25 април кога беше одлучено да почне процесот на интеграција на ПОА.

Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, тогаш изјави дека се донесени неколку одлуки поврзани со поделбата на епархиите, но напомена дека за јавноста ќе бидат познати по усогласувањето со српската црква.

Целосната интеграција, како што најави владиката Тимотеј, се очекува да се случи за време на Соборот на СПЦ на 14 или 15 мај.

Повикувајќи се на црковни извори, дел од медиумите објавија дека постои начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА и кои епархии ќе им бидат дадени. Се очекува тоа да биде направено со прераспределба на постојните епархии на МПЦ-ОА. Македонската православна црква-Охридска архиепископија на територијата на земјава и во дијаспората е организирана во 12 епархии, од кои осум се во државата, а четири се во дијаспората.

Заокружувањето на процесот на интеграција би значел и формално згаснување на ПОА и нејзино целосно приклучување и обединување со МПЦ-ОА како единствена македонска автокефална црква.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили на граница со Грција

02/08/2026

МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy