Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кремљ не верува дека експлозијата на „Северен тек“ била извршена без државна поддршка
Македонија

Кремљ не верува дека експлозијата на „Северен тек“ била извршена без државна поддршка

11/03/2023

AA

Кремљ денеска изрази сомнеж дека нападите на гасоводите „Северен тек“ тешко дека би можеле да бидат извршени без државна поддршка, објави Ројтерс. Коментарите на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, дојдоа откако Њујорк Тајмс објави оваа недела дека американските власти истражуваат дали проукраинска невладина група е одговорна за експлозиите.

„Што се однесува до хипотезата за проукраински напад, тешко е да се поверува во идејата дека некоја зла сила организирала сè. Ова е многу тешка задача, за која веројатно е способна само добро подготвена државна служба, а ги нема многу во светот“, рече Песков во одговор на прашање за информациите на американското издание.

„Њујорк тајмс“ во вторникот објави дека новите разузнавачки информации разгледани од американски официјални лица сугерираат дека проукраинска група, веројатно составена од Украинци и Руси, ги нападнала гасоводите „Северен тек“, но тој заклучок бил неубедлив.

Русија постојано бараше да биде вклучена во истрагата за експлозиите, во кои беа прекинати три од четирите цевки на двата гасоводи „Северен тек“ што ги поврзуваат Русија и Германија под Балтичкото Море.

Инспекторите во Шведска, Данска и Германија во моментов спроведуваат одвоени истраги.

„Продолжуваме да бараме брза и транспарентна истрага, продолжуваме да бараме да ни биде дозволено да учествуваме во истрагата“, изјави Песков за новинарите на редовниот брифинг во Кремљ.

„Потребно е да се утврди кој е сторител, а кој е гарант. Преземањето терористички напад врз дел од големата меѓународна енергетска инфраструктура е премногу опасен преседан“, додаде тој.

Песков повторно ја демантираше „апсурдната хипотеза“ дека самата Русија би можела да стои зад нападите врз сопствената инфраструктура.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy