Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КРАЈНО ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ – АВИОН СЛЕТАЛ НА АЕРОДРОМОТ ВО ДУБРОВНИК, МУ СЕ ПРИБЛИЖИЛ ДРОН: Загрозена безбедноста на патниците и екипажот
Регион

КРАЈНО ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ – АВИОН СЛЕТАЛ НА АЕРОДРОМОТ ВО ДУБРОВНИК, МУ СЕ ПРИБЛИЖИЛ ДРОН: Загрозена безбедноста на патниците и екипажот

18/04/2025

AA

Хрватската Агенција
за цивилно воздухопловство извести за инцидент што се случил во неделата, на 13
април, во близина на аеродромот во Дубровник.

При финалното приближување за слетување на аеродромот во
Дубровник, беспилотно летало опасно се доближило до патнички авион на надморска
височина од околу 200 метри, со што била загрозена безбедноста на екипажот и
патниците, самиот авион, но и животот и имотот на луѓето на теренот, соопшти
Агенцијата. Екипажот на авионот веднаш го пријавил инцидентот во хрватската
Контрола на летање, која ги известила надлежните полициски органи за настанот
за да започне истрага.

Аеродромот затворен,
летовите пренасочени кон Сплит

Аеродромот во Дубровник беше привремено затворен, што доведе
до пренасочување на два патнички авиони кон аеродромот во Сплит. „Инцидентот не
само што ја загрози безбедноста на луѓето, туку предизвика и значителна
финансиска штета на авиокомпаниите и патниците.

Пренасочувањето на летовите повлекува дополнителни трошоци
за превозниците, вклучително и продолжено време на летот, трошоци за сместување
и превоз на патници до нивната крајна дестинација и можни плаќања за
компензација поради доцнење. Се проценува дека директната штета по пренасочен
лет може да се движи од 15.000 до дури 190.000 евра. „Индиректната штета, како
што се пропуштените приватни и деловни обврски на патниците, тешко може да се
изрази во парична смисла“, велат од Агенцијата.

Строги мерки и казни
за неовластени летови со дронови

„Летењето на дронови во близина на аеродроми и во контролиран
воздушен простор е дозволено само со претходно одобрение од надлежните служби
за контрола на летање. Неовластеното летање се смета за крајно опасно и подлежи
на прекршочна и кривична одговорност.

Хрватската агенција за цивилно воздухопловство, во соработка
со Хрватската контрола за воздушна навигација и Управата на полицијата,
секојдневно врши надзор и откривање на неовластени операции со беспилотни
летала. Се применува политика на нулта толеранција кон операторите и пилотите
на далечина кои ја загрозуваат безбедноста на воздушниот сообраќај, а казните
за такви прекршоци можат да достигнат и до 20.000 евра.

Во неконтролиран воздушен простор, дозволено е летање на
беспилотни летала до висина од 120 метри, но и тогаш пилотот мора да резервира
простор преку порталот AMC на хрватската контрола за воздушна навигација. Овие
правила се неопходни за безбедноста на другите корисници на воздушниот простор,
како што се авионите на генералната авијација, армиските хеликоптери,
полицијата, итната медицинска помош и комерцијалните летови“, додаваат од
Агенцијата.

фото: Unsplash

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ ИМ ПОРАЧА НА СОПАРТИЈЦИТЕ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА 12.05 ДА СЕ

24/09/2026
Македонија

69 МИЛИОНИ ЦИГАРИ ШВЕРЦУВАНИ ПРЕД НОСОТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ / Приведени

24/09/2026
Македонија

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА Поквалитетно снабдување за жителите

24/09/2026
Македонија

УСЛОВНА КАЗНА ЗА ЉУПЧО ПЕЦОВ ЃАВОЛОТ ЗА „СИНЏИР“ Доби и

24/09/2026
Македонија

УСЛОВНА КАЗНА ЗА ЉУПЧО ПЕЦОВ ЃАВОЛОТ ВО „СИНЏИР“ Доби и

24/09/2026
Македонија

КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ПОДНОВИ СО КЛИНИКА ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА

24/09/2026
Македонија

НЕМА ЛЕКАРСКА ГРЕШКА ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА РОДИЛКАТА ОД СТРУМИЦА Имала

24/09/2026
Македонија

ДАЛ 338.250 ДЕНАРИ ЗА НОВА КУЌА, ПА ОСТАНАЛ БЕЗ НИВ

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45775
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ ИМ ПОРАЧА НА СОПАРТИЈЦИТЕ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА 12.05 ДА СЕ ВРАЗУМАТ Не е добро да

24/09/2026

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ги обвини поранешните функционери на партијата кои се иницијатори на демократската платформа 12.05 дека нивните

69 МИЛИОНИ ЦИГАРИ ШВЕРЦУВАНИ ПРЕД НОСОТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ / Приведени 13 лица, меѓу нив цариници

24/09/2026

Шлепери полни со цигари влегувале преку Богородица, а наместо да го продолжат транзитот, товарите биле истоварувани во Македонија. Во дел

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА Поквалитетно снабдување за жителите на неколку улици

24/09/2026

Во тек е реконструкцијата на водоводната мрежа на улица 150, со што се реализира последната фаза од комплексот на улици

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy