Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА ЛЕКАРСКА ГРЕШКА ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА РОДИЛКАТА ОД СТРУМИЦА Имала ретка малформација на крвните садови во ‘рбетниот мозок
Македонија

НЕМА ЛЕКАРСКА ГРЕШКА ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА РОДИЛКАТА ОД СТРУМИЦА Имала ретка малформација на крвните садови во ‘рбетниот мозок

24/09/2026

AA

Комисијата за надзор над стручната работа, формирана од министерот за здравство го заврши надзорот над лекувањето на родилката од Струмица и едногласно заклучи дека нејзината невролошка состојба не е последица на спиналната анестезија применета при породувањето, ниту на лекарска грешка во која било од здравствените установи во кои била лекувана.

Комисијата беше формирана на 19 август 2026 година, по предлог на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со цел независна стручна проценка на работата на здравствените работници во ЈЗУ Општа болница Струмица, ЈЗУ Клиничка болница Штип и ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија Скопје. Во неа учествуваа пет експерти од различни специјалности, од кои двајца од странство: д-р Игор Самарџиски, гинеколог-акушер, ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје (претседател); д-р Горан Рондовиќ, анестезиолог, началник на Клиника за анестезиологија на Воено-медицинска академија Белград; д-р Дејан Георгиев, невролог, раководител на оддел за неврологија на Универзитетски клинички центар Љубљана; д-р Миќун Миќуновиќ, неврохирург, ЈЗУ Специјална болница „Св. Еразмо” Охрид; и д-р Дејан Даскалов, радиолог, ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија Скопје.

Комисијата ја разгледа целокупната медицинска документација од трите установи, снимките од магнетната резонанца и дополнителните појаснувања побарани од болниците. Секој член се изјасни поединечно за својата област, а заклучоците се донесени со согласност на сите членови.

Според наодите на Комисијата, грижата за време на бременоста, упатувањето во Клиничката болница Штип, породувањето со царски рез, анестезијата и следењето по операцијата се спроведени според важечките протоколи и добрата клиничка пракса. Спиналната анестезија е дадена во лумбалниот (долниот) дел на ‘рбетот, со стандарден лек и доза, додека промената во ‘рбетниот мозок е утврдена значително повисоко, во градниот дел. Постоперативниот тек бил уреден, пациентката е отпуштена без невролошки симптоми, а тие се појавиле неколку дена подоцна. Според Комисијата, најверојатна причина е спонтано крварење од ретка малформација на крвните садови во ‘рбетниот мозок, која не може да се открие со ангиографија. Причината сè уште не е дефинитивно утврдена.

Комисијата препорачува, кога состојбата на пациентката ќе дозволи, да се заврши дијагностиката за конечно утврдување на причината, како и да продолжи рехабилитацијата со редовно невролошко следење.

– Кога една млада мајка по породување се соочува со вакви последици, должни сме на неа, на нејзиното семејство и на јавноста да дадеме јасен и стручен одговор. Затоа формиравме комисија со експерти од земјата и од странство. Нивниот заклучок е едногласен – нема лекарска грешка. Тоа не ја намалува тежината на она низ што минува таа. Министерството ќе продолжи да ѝ ја обезбедува сета потребна поддршка во лекувањето и рехабилитацијата – изјави министерот за здравство Сашо Клековски.

Извештајот е доставен до министерот за здравство, а за неговите заклучоци се известени пациентката и нејзиното семејство, како и засегнатите здравствени установи. Поради заштита на личните и здравствените податоци на пациентката, целосниот извештај не се објавува.

19-годишната Станка Михајлова од струмичкото село Баница, неколку дена по царскиот рез извршен во Клиничката болница во Штип не можела веќе да оди. Таа е мајка на две деца.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На

10/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се

10/10/2026
Македонија

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од

10/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СВЕТИ ВО ЗЕЛЕНО ЗА НОВ ЖИВОТ Објекти низ државата

10/10/2026
Македонија

„DIE TAGESPOST“ ЈА ЦИТИРА МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА Пред да се прошири

10/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ РАДУВА ШТО ПОЧНАЛ ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА Прмиерот очекува

10/10/2026
Македонија

ПИТА ДОЛГА 4,4 МЕТРИ ЈА ОТВОРИ „ПИТИЈАДА“ ВО ВЕЛЕС Џиновскиот

10/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ДИРЕКТОР И ВРАБОТЕНА ВО „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ Одземени камиони и

10/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46099
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На повисоките планини можен и снег

10/10/2026

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се очекува санкција за случајот со

10/10/2026

Полициски службеник од албанска националност, припадник на криминалистичката полиција, е посочен како главен учесник во наводното физичко малтретирање на двајца

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од маршот за 11 Октомври порача

10/10/2026

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy