Крај на метежот: Клинички добива „смарт“ паркинг и катна гаража до средината на 2026 година
Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до првата половина на 2026 година, Клиничкиот центар ќе располага со најмодерната паркинг-инфраструктура во државата.
Проектот вклучува целосно „паметен“ систем за паркирање и изградба на катна гаража, со што трајно ќе се реши проблемот за вработените и пациентите.
На денешната средба со директорот на ЈП „Градски паркинг“, Владимир Кроневски, била утврдена динамиката на реализација. Според Алиу, административните процедури се веќе завршени, а по објавувањето на елаборатот во Службен весник следната недела, се очекува официјално потпишување на договорот и почеток на градежните работи.