
Крај на конфликтот? Ерменците се предадоа, го положија оружјето
Дваесет и четири часа откако азербејџанската армија започна воена операција во Нагорно-Карабах, сепаратистичките ерменски сили се согласија на условите за прекин на огнот предложени од руските мировни преговарачи.
Едно од клучните барања беше целосно разоружување на ерменските сили. Во Нагорно-Карабах живеат околу 120.000 Ерменци, а регионот е меѓународно признат како дел од Азербејџан.
Ерменските сепаратистички сили во Карабах рекоа дека Азербејџан ги проби нивните линии и зазеде бројни високи и стратешки патни јазли додека светот стоеше на страна и не презеде ништо.
Прекинот на огнот стапи на сила денеска во 13 часот по локално време. Азербејџанското претседателство соопшти дека официјални лица ќе се сретнат со ерменските претставници на Карабах во азербејџанскиот град Јевлах подоцна во текот на денот.
Официјални лица на Карабах соопштија дека најмалку 27 лица се убиени, а уште 200 се ранети откако азербејџанската армија започна антитерористичка операција во вторникот.
Азербејџан ја започна својата операција против Нагорно-Карабах во вторникот, откако некои од неговите војници беа убиени во, како што рече Баку напади од планинскиот регион, кој Азербејџан го изолираше.
Сепак, силните експлозии можеа да се слушнат во главниот град Нагорно Карабах веднаш по стапувањето на сила на прекинот на огнот, јавува Би-Би-Си.
