Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Алиу: Исправки во законот за здравство за подобро планирање на кадри и ангажман по пензионирање
Македонија

Алиу: Исправки во законот за здравство за подобро планирање на кадри и ангажман по пензионирање

20/02/2026

AA

Министерството за здравство ја отвори јавната расправа за измените и дополнувањата на Законот за здравствената заштита, со цел подобрување на условите за работа и управување во здравствениот систем. Предлог-измениот закон е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), а сите засегнати страни можат да достават забелешки и сугестии кои ќе бидат разгледани согласно утврдената процедура.

Министерот за здравство, Азир Алиу, појасни дека промените се базираат на принципите на транспарентност и отчетност, а целта е усогласување со реалните потреби на здравствениот систем. Измените се однесуваат на постапката за вработување здравствени работници и соработници, статусот на директорите на јавните здравствени установи, специјализациите и супспецијализациите, како и условите за пензионирање и ангажирање на здравствени кадри по пензионирањето.

Меѓу клучните измени е приоритетното вработување на најдобрите дипломирани доктори на медицина од домашните факултети, кои нема да поминуваат селекциска постапка, туку директно ќе се вработуваат во јавните здравствени установи. Составот на комисијата за селекција на кандидатите ќе го предлага стручниот колегиум на секоја установа, а директорот е должен да го вработи најдобро рангираниот кандидат.

Дополнително, Владата ќе одредува број на приватни специјализации и супспецијализации, согласно потребите за медицински кадри, а за искусните доктори од дефицитарни области се овозможува продолжување на ангажманот до 70 години, со задржување на пензијата, врз основа на согласност од Министерството за здравство и Фондот за здравственото осигурување.

Со овие мерки, се очекува зголемување на квалитетот на здравствената услуга и подобро планирање на кадрите во јавните здравствени установи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
Македонија

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026
Македонија

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности

22/09/2026
Македонија

29-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВЕДНАШ ПО СЛЕТУВАЊЕТО Гостиварец треба да одлежи две

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

НЕ НОСАТ ШЛЕМОВИ АМА ШИБААТ НА СИТЕ СТРАНИ Казнети 10.411

22/09/2026
Македонија

МУ СКРШИЛЕ ВРАТЕН ПРШЛЕН НА ГИНЕКОЛОГ ДОДЕКА ПРЕГЛЕДУВАЛ ПАЦИЕНТКИ Огненовиќ

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45725
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет, тој тврди дека го нападнал

22/09/2026

35-годишен штипјанец со тешки телесни повреди бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а околностите под кои се

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026

Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата ќе почне ноќеска во 2:05 часот по полноќ. Во исто време

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности за партнерства, инвестиции и развој

22/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од неговиот престој во Њујорк САД со дел од средбите што ги одржа на високо

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy