Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уставен суд ќе одлучува: Дали македонските пензионери во странство ќе ги добијат најавените покачувања?
Македонија

Уставен суд ќе одлучува: Дали македонските пензионери во странство ќе ги добијат најавените покачувања?

20/02/2026

AA

Околу 12.000 македонски пензионери кои живеат во странство се најдоа во неизвесност откако Уставниот суд најави дека ќе ја разгледува уставноста и законитоста на измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Според овие измени, пензионерите надвор од државата нема да ги добијат најавените покачувања од по 1.000 денари за март 2026 година.

До Судот веќе се поднесени три иницијативи со кои се оспоруваат измените, наведувајќи дека тие создаваат нееднаквост и дискриминација помеѓу пензионерите во државата и оние во странство, иако сите имаат исти пензиски права врз основа на уплатените придонеси.

Првата иницијатива е поднесена од Љубомир Сандевски, кој тврди дека законот им ускратува веќе стекнато право и дека се нарушува принципот на еднаквост. Втората иницијатива е од Илија Ивановски, кој оспорува дека покачувањата се однесуваат само на пензионерите со исплата во државата, создавајќи индиректна дискриминација според местото на живеење. Третата иницијатива е од Темелко Ристевски, кој посочува повреда на повеќе уставни одредби, вклучувајќи еднаквост, слобода на движење и право на социјална заштита.

Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потсетуваат дека постапуваат според важечкиот закон, додавајќи дека пензионерите во странство веќе го добиле првото покачување од 2.500 денари во септември 2024 година. Фондот истакнува дека ќе ги почитува сите идни одлуки на надлежните институции, вклучително и конечната одлука на Уставниот суд, која ќе биде клучна за тоа дали пензионерите ќе ги добијат најавените средства.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во

22/09/2026
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
Македонија

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026
Македонија

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности

22/09/2026
Македонија

29-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВЕДНАШ ПО СЛЕТУВАЊЕТО Гостиварец треба да одлежи две

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

НЕ НОСАТ ШЛЕМОВИ АМА ШИБААТ НА СИТЕ СТРАНИ Казнети 10.411

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45726
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во една од собите на запалената

22/09/2026

69-годишна жена загина во пожар што избувнал во куќа во валандовското село Пирава. Пожарот бил пријавен вчера околу 17:55 часот,

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет, тој тврди дека го нападнал

22/09/2026

35-годишен штипјанец со тешки телесни повреди бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а околностите под кои се

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026

Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата ќе почне ноќеска во 2:05 часот по полноќ. Во исто време

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy