Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КПУ Затвор Струмица ја проширува економијата: Осудените лица започнаа со одгледување кокошки
Македонија

КПУ Затвор Струмица ја проширува економијата: Осудените лица започнаа со одгледување кокошки

20/04/2026

AA

Управата за извршување на санкции најави значително унапредување на работниот ангажман на осудените лица во казнено-поправната установа во Струмица. Како дел од процесот за ресоцијализација и стекнување нови вештини, затворската економија од неодамна е збогатена со развој на сопствена живинарска фарма.

Проектот започна со набавка на 50 садни кокошки, со што се отвора нов сектор за работа во рамките на установата. Оваа активност доаѓа како дополнување на веќе постоечките занаетчиски и механичарски работилници, како и досегашните земјоделски капацитети кои вклучуваат работа на ниви, свињарска и сточарска фарма.

Од Управата нагласуваат дека ваквиот вид на работно ангажирање е од клучно значење за осудениците, бидејќи им овозможува квалитетно поминување на времето и стекнување практични знаења кои ќе им бидат од корист по нивното отпуштање на слобода. Со проширувањето на живинарството, КПУ Затвор Струмица продолжува да се развива во самоодржлива единица која преку трудот на осудените лица придонесува за нивна поуспешна интеграција во општеството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
Македонија

Извлечено безживотно телото на човекот кој скокна во Преспанското езеро

12/08/2026
Македонија

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат

12/08/2026
Македонија

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето

12/08/2026
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44985
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош, но со строго почитување на

12/08/2026

Голем пожар го зафати подрачјето околу селото Манастирски Доленци во Кичевско, поради што Свештената Пречистанска Обител упати итен апел за

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат Монте Карло со Daihatsu од

12/08/2026

Додека многумина за пат до луксузниот брег на Монако избраат авион или моќни лимузини, двајца млади радовишани решија да ги

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет – родителите: Повеќе од една деценија

12/08/2026

На судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, градежното вештачење повторно го отвори прашањето за тоа како објект наменет за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy