Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кожув го изненади ТФТ, шампионот рутински убедлив во Куманово!
Спорт

Кожув го изненади ТФТ, шампионот рутински убедлив во Куманово!

14/03/2023

AA

Кошаркарите на Кожув не се откажуваат од борбата за избегнување на осмото место на табелата пред плејофот кое значи пресметка со МЗТ Скопје, откако со вечерашната релативно изненадувачка победа на домашен терен против ТФТ (82-72) продолжија да им дишат во врат на Работнички и Феникс, кои на пет кола до крајот имаат една односно две победи повеќе.

Гевгеличани заслужено дојдоа до триумфот со оглед што во најголем дел од средбата беа во водство, користејќи го заморот кај противникот од Скопје, за кого ова беше четврти меч во само осум дена поради настапот на турнирот во АБА2 минатата недела. Мајрон Гордон со 32 поени, четири скока и шест асистенции беше убедливо најзаслужен за успехот на домашните, додека зад него беа Домен Братож со 15 и Илија Колев со 14 поени. Дупри Мекбраер со 15 поени беше најефикасен кај ТФТ.

МЗТ Скопје, пак, без мака и рутинско дојде до триумф на гостувањето кај Куманово (88-68), во меч кој беше рамноправен само во првото полувреме. Гостите во вториот дел уфрлија во повисока брзина, што резултираше со убедлива победа. Кеандре Кук со 17 поени беше најефикасен кај шампионот, Дамјан Стојановски постигна 14 поени, додека Мајк кефи мечот го заврши со девет поени, осум скока и 11 асистенции.

Утре силите ќе ги одмерат екипите на Чаир и Пелистер (18 часот) што е последен меч од пролонгираното 17. коло.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

4 активни пожари низ Македонија

16/08/2026
Македонија

Операција „Вардарис“ разби шема за шверц: Дрога вредна милиони скриена

16/08/2026
Македонија

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

16/08/2026
Македонија

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред

16/08/2026
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45042
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

4 активни пожари низ Македонија

16/08/2026

Центар за управување со кризи: Информација за пожарите на отворен простор на територијата на државата до 13:00 часот На ден

Операција „Вардарис“ разби шема за шверц: Дрога вредна милиони скриена во пресувана хартија, уапсен организаторот

16/08/2026

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

16/08/2026

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го заврши своето учество на маратонската трка во рамки на Европското првенство во Бирмингем, освојувајќи го

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy