Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЧЕТВОРИЦАТА УАПСЕНИ ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ БИЛЕ СНИМЕНИ СО КАМЕРА Во полиција ги признале делата
Македонија

ЧЕТВОРИЦАТА УАПСЕНИ ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ БИЛЕ СНИМЕНИ СО КАМЕРА Во полиција ги признале делата

29/10/2026

AA

Уапсените во врска со двете убиства кои се случија за неколку дена во Ѓорче Петров во Скопје, при распитот во полициска станица ги признале делата, објави ТВ Телма повикувајќи се на извори од истргата.

Телевизијата објави дека во едниот напад учествувале двајца, а во вториот тројца. Четвртиот уапсен бил возачот кој ги превезувал, кој се бранел дека не знае што планирале и правеле неговите патници. Во автомобилот на осомничениот возач се најдени траги поврзани со разбојништвата, односно јакна и други предмети, а во домовите на жртвите се најдени и ДНК траги кои се поврзуваат со уапсените.

„СВР Скопје во текот на 27.10.2026 лиши од слобода четири лица, А.С.(22), Х.Е.(20), К.А.(58) сите од Скопје и М.Р.(26) од Струмица, кои се сомничат за двете кривични дела ‘разбојништво’ со последица смрт по член 237 став 5 од Кривичниот законик извршени на територија на скопски Хром на 22.10.2026 и Ѓорче Петров на 27.10.2026“, соопшти МВР.

На 22 октомври 62-годишник бил пронајден мртов во неговиот дом со знаци на насилство. Според соседите, тој бил социјален случај и бил тешко подвижен. Телма дознава дека осомничените биле снимени на видео камера на една од соседните куќи. Соседите велат дека истиот ден бил направен обид за грабеж и во куќа на соседната улица, во која не живеел никој.

На 27 октомври, 76-годишна жена била пронајдена од нејзината ќерка без знаци на живот со видливи траги на насилство. Од неа, според соседите, бил одземен накитот што го носела. Соседите за Телма изјавиле дека по овие насилни настани се исплашени за својата безбедност.

Уапсените имале и други кривични дела, односно тешки кражби. Од обвинителството потврдиле дека за лицата е побаран краткотраен притвор.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СИТЕ БЕЗБЕДНО ДА СТАСАМЕ ДО СВОЈАТА ЦЕЛ! Кампања на ОКТА,

29/10/2026
Македонија

ВРАБОТЕНИ ВО БОЛНИЦАТА САНТЕ ПЛУС ПОД ЛУПА НА ПОЛИЦИЈАТА Сомнежи

29/10/2026
Македонија

ЧЕТВОРИЦАТА УАПСЕНИ ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ БИЛЕ СНИМЕНИ

29/10/2026
Македонија

🎥 МИЦКОСКИ ИМА СО ШТО ДА СЕ ПОФАЛИ Набавени се

29/10/2026
Македонија

ВИЊЕТКИТЕ НЕ СЕ ПРАВИЧНА ОПЦИЈА, ЌЕ СЕ РАЗВИВА ЕЛЕКТРОНСКАТА НАПЛАТА

29/10/2026
Македонија

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со

29/10/2026
Македонија

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат

28/10/2026
Македонија

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46425
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СИТЕ БЕЗБЕДНО ДА СТАСАМЕ ДО СВОЈАТА ЦЕЛ! Кампања на ОКТА, МВР и РСБСП за поголема

29/10/2026

„Внимавај за да стигнеш. За да стигнеме сите“ е главната пораката на новата општествено одговорна кампања во рамки на едукативната

ВРАБОТЕНИ ВО БОЛНИЦАТА САНТЕ ПЛУС ПОД ЛУПА НА ПОЛИЦИЈАТА Сомнежи за незаконски постапки при операции

29/10/2026

Првопријавен во денешната акција на полицијата е Ден Дончев, поранешен директор на Фондот за здравство на Македонија во време на Владата

🎥 МИЦКОСКИ ИМА СО ШТО ДА СЕ ПОФАЛИ Набавени се 535 возила за војската, полицијата,

29/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео на Фејсбук на кое се прикажани новите возила што ги набави Владата во изминативе месеци

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy