
Ковачки: Уште лани предупредивме дека треба да се донесе закон за критична инфраструктура за инциденти како овој во М-НАВ
Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека во врска со објектите како тој на М-НАВ, уште минатата година предупредиле дека неспособниве иако се предупредувани 5 години по ред од ЕУ, се’ уште немаат донесено Закон за критична инфраструктура.
„Не дека тоа за бандитите од ДУИ нешто ќе значеше и ќе ги спречеше, но барем санкциите после вакви настани ќе беа поголеми (последново секако под услов да имаме слободно ОЈО и Судство)“, пишува Ковачки.
