Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски за подкастот Латас-Лазаров: Јавно промовирање и поддржување на сексуално насилство и насилство врз жени е целосно неприфатливо!
Македонија

Ковачевски за подкастот Латас-Лазаров: Јавно промовирање и поддржување на сексуално насилство и насилство врз жени е целосно неприфатливо!

23/02/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратеничко прашање за случајот со новинарот Драган Павловиќ Латас рече дека е вознемирен и згрозен од јавното промовирање на сексуалното насилство и дискриминација.

Во продолжение е одговорот на премиерот Ковачевски пренесен во целина:

„За овој случај, овде од собраниската говорница, пред сѐ сакам да зборувам како граѓанин, како човек, како татко, а потоа како премиер.

Слушнав за ова пред неколку дена и оттогаш до денес кога и да помислам на случајот, навистина се вознемирувам и се чувствувам гневно.

Ова однесување, не само што е срамно за мажите, и тоа не само тука, туку и во светот, ова е срамно за сите луѓе, секое едно човечко битие.

Јавното промовирање и поддржување на сексуалното насилство и сексуалната злоупотреба е целосно неприфатливо!

Не смееме да толерираме вакво понижувачко, омаловажувачко, деградирачко третирање на жената. Секое вакво однесување, мора да биде јавно осудено и да испрати јасна порака дека насилството врз жените е неприфатливо.

Загрижувачки е што не само што слушавме за чин на сексуално насилство, туку и што бевме сведоци како соговорниците радосно и без грам грижа на совест и свесност колку штета нанесуваат, се смеат и ликуваат додека дискутираат.

И комплетно беше на место силната јавна осуда. Но воедно, сметам дека тоа не е доволно. Затоа ги повикувам институции кои за волја на вистината реагираа во рамките на своите надлежности да го истераат овој случај до крај. Да покажат дека сепак во Северна Македонија имаме владеење на правото.

Воедно, го повикувам Здружението на новинари, да се оградат од колегите кои шират ксенофобија и дискриминација, бидејќи такви луѓе не се достојни да пишуваат и да зборуваат пред јавноста.

Исто така, ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ, го повикувам г-дин Мицковски да ја најде и да ја искине партиската книшка на секој еден нивни член кој самоиницијативно решава да шири наратив со кој сега генерации млади деца ќе мислат дека е во ред да се зборува на тој начин за сексуално насилство и да се однесуваат мизогино и дискриминаторски. И фактот што тој не го стори тоа до сега мене лично ме ужаснува, ама не сакам да го претворам ова прашање во политичко прашање.

Слободата на говорот во Република Северна Македонија е загарантирана со Устав, но тоа истовремено не значи и дека секој може да ги гази човековите права, да шири омраза, мизогинија, ксенофобични и дискриминаторски идеи.

Слободата на говор истовремено подразбира одговорност и постоење на висока свест за демократските начела и за слободите, правата и обврските во едно отворено општество. Кога слободата на говор се претвора или провоцира криминални дејствија или каков било тип на нарушување на граѓанските и човекови права, тогаш тоа не е слобода туку е агресија и така треба да се третира.

Можеби некои од вас ќе мислат дека работите што ги кажав сега се пресилни. Но да ве потсетам дека дома имам 17-годишна ќерка, и најголемиот дел од моите пријатели и познаници од мојата генерација имаат ќерки на таа возраст, како и други граѓани. И се срамам и сум гневен кога слушам вакви работи. Се срамам и сум гневен што, во 21 век, во 2023 година, одредени личности со неверојатна леснотија се шегуваат за сексуално насилство.

Јас сакам да ми извините, но ваквите работи навистина ме вознемируваат, и затоа доколку е можно согласно процедурите во Собранието да направиме пауза бидејќи во моментов после ова не можам да продолжам со одговарање на пратенички“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy