Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 До каде сме со македонскиот културен клуб во Бугарија?
Македонија

До каде сме со македонскиот културен клуб во Бугарија?

23/02/2023

AA

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи денеска на собраниската седница за пратенички прашања истакна дека ја ставиле Македонија во неубава ситуација со цел да се ревидира антифашистичкото минато, од оние кои биле на спротивната страна.

„Тоа стигна до степен за гребење на натписите „бугарски фашистички окупатор“ на споменици, да не се споменуваат над 20.000 македонски жртви, да не се споменуваат партизаните и ескалираше да министерството за култура и образование функционираат како подружници на бугарските“, рече Мизрахи.

Мизрахи запраша дали и имплементирањето на законот за здруженија и фондации кој требаше да одговори на прашања на фашистички имиња и нивни соработници е попречуван заради бугарската декларација.

Потоа таа го потсети Ковачевски дека уште во октомври се фалеше со отворање на македонски клуб во Благоевград и дека ќе ја покани неа на отворањето, но кога се отвори таков клуб, Ковачевски не појде таму, а клубот веднаш беше затворен.

„Во Бугарија не може да има македонско малцинство, а вие не застанавте да го одбраните тоа македонско малцинство. Па повторно да прашам за пресудите на Европскиот суд за човекови права кога ќе застанете на страна на Македонците во Бугарија и кога конечно ќе ме поканите на отворање на македонски клуб во Бугарија“, рече Мизрахи.

На ова, со одговор се јави премиерот Димитар Ковачевски кој посочи дека во Собранието има донесено закон за здруженија на граѓани кој ќе биде спроведен како и сите други закони во државата.

„Дали некоја друга држава ќе донесе каква било декларација е право на државата и тоа не може да влијае на спроведувањето на законите. Барам и Буагрија и сите други држави да ги спроведуваат одлуките, пресудите на сите меѓународни судови, институти на кои се членови како што тоа го правиме и ние“, рече Ковачевски.

Тој вели дека ние преговараме за членство во ЕУ со ЕУ, а не со Бугарија.

„Со Бугарија имаме билатерални прашања кои се регулирани со договор и за тоа се формирани работни тела кои работат без политичко влијание и без политички притисок врз основа на научна методологија и единствено со целосен консензус можат да носат зкалучоци кои потоа треба да бидат институционално спроведувани. Имаме адмнистрација која успешно ги води преговорите со ЕУ, односно скрининг процесот. Сигналите се позитивни од ЕУ, а со темпото со кое се работи до ноември како што е планот ќе заврши скрининг фазата на процесот на пристапување кон ЕУ“, посочи Ковачевски.

Во однос на тоа кога ќе се отвори македонскиот клуб во Бугарија, премиерот кажа дека Министерството за култура ги подготвило сите потребни документи за барање за отворање културен клуб во Бугарија кој би бил дел од културниот клуб кој веќе го имаме отворено во Софија.

„До Владата на Бугарија ќе доставиме барање, Министерството за култура ги подготви сите потребни документи и ги достави до МНР, меѓутоа оттогаш во Бугарија нема избрано политичка влада. Кога ќе се формира во Бугарија влада со која ќе може да се разговара за долгорочни решенија ќе може барањето да биде испратено до именуваниот министер за надворешни работи и тогаш ќе зависи од Бугарија одговорот бидејќи се работи за отворање наш клуб во Бугарија. Кога ќе има позитивен одговор тогаш како што кажав, заедно ќе одиме на отворањето на културен клуб уште еден во Бугарија“, рече Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44909
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW, граѓаните ги добиваат првите е-услуги

07/08/2026

Идниот национален дата-центар нема да биде гигантски комерцијален објект, туку компактен и ефикасен систем со инсталирана моќност под еден мегават,

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy