Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски за платите кај Пендаровски: Претседателот е посебна институција, ќе седнат со МФ и ќе најдат решение
Македонија

Ковачевски за платите кај Пендаровски: Претседателот е посебна институција, ќе седнат со МФ и ќе најдат решение

03/02/2023

AA

Претседателот е посебна институција, не знам каков колективен договор има. Ќе си седнат со Министерството за финансии, ќе разгледаат колку имаат во буџетот, ќе споредат со Колективниот договор, ќе се договорат и на крај ќе донесат решение како што има решение за се, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новирански прашања по посетата на „Виталиа“.

Ковачевски напомена дека претседателот е правник, ги знае сите законски регулативи, а и во својот Кабинет има врвни експерти од областа на правото.

-Мислам дека и за тоа ќе се најде решение, истакна Ковачевски, алудирајќи на Колективниот договор потпишан со Синдикатот на вработените кај претседателот на државата.

Според Ковачевски, не може институциите да седнат со синдикатот и без да гледаат во буџетските рамки да речат „ние потпишавме колективен договор“.

-Замислете сите да потпишат колективен договор, што ќе треба да направиме?, праша премиерот.

Пред неполн час до медиумите беше испратен Став од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија во кој се потврдува дека „платата за јануари 2023 година не е исплатена за вработените во Кабинетот и за претседателот на Република Северна Македонија.

-Образложението кое го добивме од Министерството за финансии е дека во Буџетот за 2023 година нема дополнителни средства за исплата на плати за вработените во Кабинетот на претседателот и го сметаме за неосновано, се наведува во Ставот.

Кабинетот на претседателот во согласност со потпишаниот Колективен договор со Синдикатот на вработените, предвиде покачување од пет проценти на плата само за државните службеници кои се вработени во Кабинетот на претседателот. Ова покачување не се однесува за претседателот, именуваните лица и посебните советници во Кабинетот.

-Средствата за Буџетот во 2023 година се обезбедени преку сопствени заштеди во буџетот на нашата институција и за ова не се побарани дополнителни средства од Министерството за финансии. Барањето за финансиски средства за плата за јануари 2023 година, кое Кабинетот на претседателот го достави до Министерството за финансии е изработено во согласност со Законот, во рамки на одобрените средства во Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, буџетскиот корисник – Претседател и во согласност со Колективниот договор за вработените при Претседател на Република Северна Македонија, стои во Ставот од Кабинетот на претседателот на државата

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПЕЦЕ МАТЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА РЕК

12/11/2026
Македонија

ДЕЛ ОД ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ ГРИП МОЖЕ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ И

12/11/2026
Македонија

ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР НЕМА ДА БИДЕ ТРАУМА ЗА ЛИЦАТА СО

12/11/2026
Македонија

ПЕТ МАЛОЛЕТНИЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА НАПАДОТ ВО ВЛАЕ

12/11/2026
Македонија

ЗА НИВНО ДОБРО Е СТУДЕНТИТЕ СОВЕСНО ДА ГИ КОРИСТАТ ОБЈЕКТИТЕ

12/11/2026
Македонија

СДСМ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТРАЈКО СЛАВЕСКИ Бара да му

12/11/2026
Македонија

УХМР ПРЕДУПРЕДУВА НА СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР На места ќе дува

12/11/2026
Македонија

ЕТАПНО ЌЕ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ ДО 40% Јавниот

12/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46746
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПЕЦЕ МАТЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА РЕК БИТОЛА Го оштетил комбинатот за

12/11/2026

Две години казна затвор за Пеце Матевски, поранешен директор на РЕК „Битола“ пресуди денеска битолскиот суд за незаконитости во тендерот

ДЕЛ ОД ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ ГРИП МОЖЕ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ И ЗА НЕРИЗИЧНИТЕ ГРУПИ, НО ПРИВАТНО

12/11/2026

Минатата недела 26.000 вакцини против грип се пристигнати во Словенија, а очекуваме утре, најдоцна в понеделник, да бидат во употреба

ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР НЕМА ДА БИДЕ ТРАУМА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ Реновирана ординацијата за општа

12/11/2026

Во Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје во 2025 и 2026 година се вложени над 40 милиони денари

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy