Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски во Тирана: Ја унапредуваме соработката во Западен Балкан, на патот кон ЕУ
Македонија

Ковачевски во Тирана: Ја унапредуваме соработката во Западен Балкан, на патот кон ЕУ

17/07/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, денеска, во Тирана, учествуваше на неформална средба на премиерите на земјите од Западен Балкан со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеjи.

Во продолжение Ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Ковачевски:

„ Денес сме во Тирана на состанок со комесарот за проширување Оливер Вархеји заедно со домаќинот Еди Рама, со премиерката на Србија и премиерот на Црна Гора.Тука практично разговараме за темите во насока на подготовка на состанокот на Берлинскиот процес којшто ќе се одржи во октомври тука во Тирана, бидејќи оваа година Албанија претседава со Берлинскиот процес, исто како што ние претседававме во 2020 година.

Клучни теми на кои разговаравме е планот на ЕУ за забрзана интеграција на земјите од ЗБ, којшто се потпира на неколку основни столбови а тоа е прво, побрзо приближување на земјите од Западен Балкан до заедничкиот пазар на ЕУ. Второ зголемување на фондовите за финансирање на важни регионални проекти.

Трето зголемување на економската соработка и интеграција меѓу земјите од Западен Балкан и четврто забрзување на клучните реформи во секоја од државите.

Се работи за амбициозен план, се работи за амбициозна агенда на која ќе работиме сите заедно и она што исто така ќе биде дел од работата во периодот до октомври и после него е исто така ратификацијата и ставањето во функција на договорите кои веќе беа потпишани на состанокот во Берлин минатата година, на кои веќе земјите работат, тука пред се се мисли на меѓусебното признавање на дипломите, како и на другите договори кои беа потпишани во рамки на иницијативата на Берлинскиот процес, а кои договори се депонирани во нашето Министерство за надворешни работи. “

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ИСТОРИЈАТА НА ИСТОРИЧАРИТЕ, МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ Царот Симеон со

17/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ЕВРОПСКА ИДНИНА, ЗАСНОВАНА НА ПРИНЦИПИЕЛНИ ОДНОСИ Мицкоски на

17/11/2026
Македонија

„ГАСТРО“, „ДИГЕСТИВНА“ И „ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА“ ДОБИЈА НОВИ ДИРЕКТОРИ Министерот Клековски

17/11/2026
Македонија

МЕЛБУРН ИМ СЕ ИЗВИНИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ЗАБРАНАТА ДА ГО

17/11/2026
Македонија

ШТО НОСАТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВОЗИЛА ПРЕДЛОЖЕНИ ОД ВЛАДАТА

17/11/2026
Македонија

ПАЛАНЧАНЕЦ УАПСЕН ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Ја тепал својата 20-годишна ќерка

17/11/2026
Македонија

САД ПРЕДУПРЕДИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИ ЗАКАНИ КОН БУГАРИЈА За Македонија ризикот

17/11/2026
Македонија

НА 27 НОЕМВРИ КОРАБОСКИ ЌЕ СЕДНЕ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА Обвинет

17/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46816
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ИСТОРИЈАТА НА ИСТОРИЧАРИТЕ, МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ Царот Симеон со порака од Брисел

17/11/2026

Поранешниот бугарски цар и премиер Симеон Сакскобурготски порача дека многу од историските теми треба да им се препуштат на историчарите,

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ЕВРОПСКА ИДНИНА, ЗАСНОВАНА НА ПРИНЦИПИЕЛНИ ОДНОСИ Мицкоски на форум за проширувањето на ЕУ

17/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на работната посета на Брисел, учествуваше на Форумот за проширување на Европската Унија, посветен на

„ГАСТРО“, „ДИГЕСТИВНА“ И „ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА“ ДОБИЈА НОВИ ДИРЕКТОРИ Министерот Клековски очекува одговорно и стабилно работење

17/11/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ги прими новоименуваните директори на три јавни здравствени установи — Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy