Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Во новиот мандат на СДСМ, сите пензионери ќе имаат достоинствена пензија!
Македонија

Ковачевски: Во новиот мандат на СДСМ, сите пензионери ќе имаат достоинствена пензија!

11/03/2024

AA

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во рамки на денешната посета на Гевгелија, во Домот на културата се сретна и со Здружението на пензионери на Гевгелија. Претседателот Ковачевски на средбата посочи дека СДСМ прави се, за по пензионирањето секој да ужива во плодовите од својот работен век и од вложениот труд, и дека сработеното има видлив резултат.

Со новата методологија на пресметка на пезниите, која Владата предводена од СДСМ ја сработи заедно со пензионерите, пензионерите добиваат во просек 6.000 денари повеќе. Просечната пензија денес изнесува 20.195 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра. Минималната пензија воедно, денес е за речиси 50% повисока од пензијата во 2016 година.

Претседателот Ковачевски се осврна и на фактот дека пензионерите беа опфатени и во пакетите со антикризни мерки , каде само во последниот 9-ти пакет, се издвоија 35 милиони евра за поддршка на 187.000 пензионери со што пензионерите добиваат од 1.500-3.000 денари месечно финансиска поддршка со цел полесно да ја пребродат зимата и кризата.

Поддршката за пензионерите од страна на СДСМ се огледа и во вложувањата во старинските домови. Моментално на територијата на државава има 5 државни старински домови, а преку проектот за подобрување на социјалните услуги на ресорното министерство во периодот кога Јована Тренчевска беше министерка, има отворено 5 центри за активно стареење во Чаир, Центар Жупа, Крива Паланка и Босилово.

Со новата програма за изборите на СДСМ, како што појасни претседателот Ковачевски на средбата, предвидени се повеќе мерки со кои ќе се обезбеди подобар животен стандард и достоинствена старот на пензионерите. Претседателот со пензионерите разговараше за можноста да се обезбеди енергетска сигурност за пензионерите во текот на зимските месеци како и за можноста за зимски регрес и воведување на пензионерска еднаквост — односно исплата на загарантирана минимална пензија на жените /мажите кои живеат со семејна пензија.

Пензионерите ја оценија како позитивна можноста за воведување систем за доброволно работно ангажирање на пензионерите што ќе придонесе за дополнително финансиско зајакнување на пензионерите, исто како и можноста за пензионерите на кои им недостигаат неколку години, да можат да остварат право на пензија

Претседателот Ковачевски порача дека со СДСМ пензионерите секогаш може да очекуваат партнерски однос и дека и понатаму ќе се работи заедно со пензионерите за да изнајде решение со кое сите пензионери ќе се над прагот на сиромаштијата или пак најсоодветно решение за минимална пензија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗИМАТА СЕ ИЗМЕША СО ЛЕТОТО ВО ОКТОМВРИ До четврток студени

03/10/2026
Македонија

КАЗНИ И ЗА МОТОЦИКЛИСТИТЕ КОИ НЕ НОСАТ КАЦИГА Тошковски најави

03/10/2026
Македонија

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА

03/10/2026
Македонија

ВКУПНО 71 ЗАБОЛЕН ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Прв случај регистриран во

03/10/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ОЦЕНЕТИ КАКО ИМПРЕСИВНИ, А МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 140 МИЛИОНИ ЕВРА

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗОШТО ДЕНЕСКА МАЛКУ СЕ ЗБОРУВА ЗА БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР? Мицкоски во

03/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45964
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗИМАТА СЕ ИЗМЕША СО ЛЕТОТО ВО ОКТОМВРИ До четврток студени утра, а деновите со летни

03/10/2026

Ведро и студено утро, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. 

КАЗНИ И ЗА МОТОЦИКЛИСТИТЕ КОИ НЕ НОСАТ КАЦИГА Тошковски најави дека оваа новина ќе се

03/10/2026

Возачите на мотоцикли што управуваат без заштитна кацига наскоро ќе бидат автоматски детектирани и казнувани преку системот „Безбеден град“. Оваа

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД ВО ПРИЛЕП Се претпоставува

03/10/2026

Под контрола е ставен пожарот кој избувнал околу 15 часот крај железничката пруга на периферијата од Прилеп. Како што информираат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy