Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски-Варадкар: Ирска е силен партнер и поддржувач на нашата евроинтеграција, неопходна е проактивност за да се обезбедат европерспективите
Македонија

Ковачевски-Варадкар: Ирска е силен партнер и поддржувач на нашата евроинтеграција, неопходна е проактивност за да се обезбедат европерспективите

12/01/2024

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска одржа тет-а-тет средба со премиерот на Ирска, Лео Варадкар, во рамките на неговата официјална посета на земјава, која воедно е и прва посета на ирски премиер на државава.

По тет-а-тет средбата се одржа и билатерална средба на македонската и ирската делегација, на која што присуствуваа и заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

На средбата беше поздравена триесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, при што беше потенцирано дека постои добро ниво на политички дијалог и покрај географската оддалеченост.

Беше нагласена потребата од зајакнување на економската соработка, особено во областа на информатичката технологија, телекомуникациите, производството на органска храна, енергетиката и туризмот.

Премиерот Ковачевски, на состанокот се заблагодари за силната и гласна поддршка на Ирска на Северна Македонија на патот кон ЕУ, којашто континуирано трае уште од времето на поднесување на нашата апликација за членство во Унијата токму за време на ирското претседателство со ЕУ во 2004 година.

Заеднички беше истакнато дека проширувањето на ЕУ е стратешко и безбедносно прашање коешто е од клучно значење во овој сложен и неизвесен геополитички контекст за европскиот континент.

Двајцата премиери констатираа дека иднината на Република Северна Македонија треба да се издигне над сите политички и идеолошки разлики и затоа од сите политички чинители се очекува проактивност во однос на исполнувањето на целите кои се поставени на патот кон ЕУ.

Беше препознаена улогата на Република Северна Македонија како фактор на стабилноста и безбедноста во регионот и пошироко во европски рамки, за што беше изразено уверување дека е уште еден силен аргумент за обезбедување на европските перспективи на земјата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата тврди: Нема злоупотреба на владиниот авион

17/02/2026
Македонија

Позајмил автомобил од братучед, па го продал за 4.500 евра

17/02/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ УДРИ ВО 18-ГОДИШНИК ВО ПРОБИШТИП Момче со тешки повреди

17/02/2026
Македонија

Сведоштво на ревизорот откри сериозни неправилности на Клиниката за онкологија

17/02/2026
Македонија

ССМ: Доколку минималната се зголеми на 600 евра, а сите

17/02/2026
Македонија

5 од 6 заловени кучиња имаат сопственик – Анима Мунди

17/02/2026
Македонија

Тешко повредено четиригодишно дете во Скопје

17/02/2026
Македонија

БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА ЈА НАБАВУВАЛЕ НА РЕВЕРС, ПА ИЗГОТВУВАЛЕ ФАКТУРИ ПОСЛЕ

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41564
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата тврди: Нема злоупотреба на владиниот авион

17/02/2026

По обвинувањата од опозицијата за користењето на владиниот авион, Владата денеска соопшти дека леталото било користено исклучиво согласно законските прописи

Позајмил автомобил од братучед, па го продал за 4.500 евра – поднесена кривична пријава против

17/02/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено

АВТОМОБИЛ УДРИ ВО 18-ГОДИШНИК ВО ПРОБИШТИП Момче со тешки повреди итно пренесено во болница

17/02/2026

Осумнаесетгодишно момче е тешко повредено откако рано утрово било удрено од автомобил на улицата Миро Барага во Пробиштип. Несреќата се

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy