Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Со Мицкоски ќе зборуваме само за ЕУ и за соседите, не за избори
Македонија

Ковачевски: Со Мицкоски ќе зборуваме само за ЕУ и за соседите, не за избори

05/06/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски откри дека оставил на ВМРО-ДПМНЕ да си избере во кој формат ќе биде лидерската средба која е закажана за в среда во Клубот на пратеници и дека нема да се разговара за предвремени парламентарни избори кои според него, ќе се одржат во редовниот термин.

– Тие го избраа форматот и на средбата ќе се зборува на две теми: евроинтеграција и активности на сите политички чинители во однос на односите со соседите. Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе подржи интеграција и очекувам да разговараме за сите аспекти на оовие значајни теми и се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик за европската интеграција – рече Ковачевски.

Во Клубот на пратениците во среда ќе се одржи најавената средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, средбата ќе биде тет-а-тет.

-До средбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе изврши широки консултации со Пратеничката група, партиите дел од Коалицијата и Извршниот комитет на партијата. Ставот на партијата е дека уставни измени нема да има, и ова Собрание нема легитимитет за таков чекор, истакнуваат од опозициската партија.

Очекуваме, како што наведуваат од партијата, Ковачевски да излезе од стегите и заложништвото на ДУИ и да прифати да разговара за периодот што по фактот дека уставните измени нема да го имаат потребното мнозинство.

Владата денеска соопшти дека премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во среда во 11 часот во Клубот на пратеници ќе ја одржат најавената средба.

Од Владата соопштија дека на средбата ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БРАТИСЛАВА ЗАСТАНА ЗАД СКОПЈЕ Не смее да има двојни стандарди

29/10/2026
Македонија

ГОДИШНО 200 ДО 300 ЛИЦА ДОБИВААТ МОЗОЧЕН УДАР ВО МАКЕДОНИЈА

29/10/2026
Македонија

САНТЕ ПЛУС НАПЛАЌАЛА И ОД ПАЦИЕНТИТЕ И ОД ФОНДОТ Клековски

29/10/2026
Македонија

ДВОЈНИОТ ТЕСТ ЗА РЕГУЛАТОРИТЕ Нулта толеранција за пристап на младите,

29/10/2026
Македонија

ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ЌЕ ОСТАНАТ ВО АРМИЈАТА ДО ПЕНЗИОНИРАЊЕ Потпишани договори

29/10/2026
Македонија

МЛАДИТЕ ДА НЕ ПОЧНАТ СО ПУШЕЊЕ, ВОЗРАСНИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ ИЛИ

29/10/2026
Македонија

СИТЕ БЕЗБЕДНО ДА СТАСАМЕ ДО СВОЈАТА ЦЕЛ! Кампања на ОКТА,

29/10/2026
Македонија

ВРАБОТЕНИ ВО БОЛНИЦАТА САНТЕ ПЛУС ПОД ЛУПА НА ПОЛИЦИЈАТА Сомнежи

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46431
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БРАТИСЛАВА ЗАСТАНА ЗАД СКОПЈЕ Не смее да има двојни стандарди за членство во ЕУ

29/10/2026

„Република Словачка е против какви било двојни стандарди во пристапувањето кон Европската Унија. Не можеме да прифатиме европска интеграција заснована

ГОДИШНО 200 ДО 300 ЛИЦА ДОБИВААТ МОЗОЧЕН УДАР ВО МАКЕДОНИЈА Мора да се реагира во

29/10/2026

Годишно, на 100.000 жители има од 200 до 300 граѓани со мозочен удар, што нè става некаде на врвот на

САНТЕ ПЛУС НАПЛАЌАЛА И ОД ПАЦИЕНТИТЕ И ОД ФОНДОТ Клековски ја открил шемата и побарал

29/10/2026

Министерот за здравство, Сашо Клековски, откри дека денешната полициска акција е поради двојна наплата на здравствни услуги од страна на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy