Ковачевски се сретна со Вучиќ: Го поздравивме ратификувањето на Договорите од Отворен Балкан, граѓаните можат да работат во која било од трите држави
Премиерот Димитар Ковачевски денеска учествува на стартот од Минхенската безбедносна конференција каде се сретна со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.
„Како држави и како Влади соработуваме, се солидаризираме како би ги надминале предизвиците со енергетската и економска криза. Ние сме искрени и добри соседи и нашите заеднички заложби се во функција на подобрување на животот и стандардот на граѓаните, стабилен и безбеден регион.
Го поздравивме ратификувањето на Договорите кои произлегуваат од Отворен Балкан, со кои конечно станува реалност граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија да можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци“, пишува Ковачевски.