
Ковачевски се сретна со Бајден – кратко разговарале за важноста на европските и евроатланските интеграции на Македонија
Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил објави фотографии со претседателот на САД, Џо Бајден.
„Средбата со претседателот на САД Џо Бајден, на Самитот на НАТО, беше можност накратко да поразговараме за важноста на европските и евроатланските интеграции на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан како еден од предусловите за обезбедување на мирот, стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот“, вели Ковачевски.
