Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Се што е надвор од преговарачката рамка, да се дискутира во рамки на поширок политички дискурс
Македонија

Ковачевски: Се што е надвор од преговарачката рамка, да се дискутира во рамки на поширок политички дискурс

18/10/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека уставните измени се заради исполнување на условот во Преговарачката рамка, и дека се друго надвор од рамката треба да се дискутира во рамки на поширок политички дискурс.

Ковачевски одговараше на новинарско прашање поврзано со поддршката од опозициските пратеници на Албанците и со нивното барање за укинување на 20% во Уставот, како и со носење на закон за борба против корупија.

-И затоа уставните измени предложени и усвоени на Комисијата за уставни прашања со мнозинство гласови и со утврден дневен ред на пленарната парламентарна сесија се заради исполнување на условот во преговарачката рамка. Се она што е друго надвор од преговарачка рамка секако дека претставува дискусија во рамки на поширок политички дискурс со оглед на тоа дека се работи за прашања од коишто дел се регулирани и со Охридскиот рамковен договор и за што секако ќе треба да има поголема вклученост на сите политички партии, меѓутоа не се поврзани со преговарачката рамка. Но, секое прашање поставено од политички партии коишто претставуваат граѓани по своја дефиниција е секогаш легитимно, рече Ковачевски.

Во однос на пратениците, рече дека не може тие да се бараат преку посредници, туку тие се членови на Парламентот избрани од граѓаните и ги претставуваат граѓаните.

-Вие знаете дека оваа тема беше дел од работата на работната група за уставни измени формирана во рамки на Министерството за правда која што ги изработи уставните измени согласно со обврската која што ја имаме од преговарачката рамка. И овие уставни измени се носат заради исполнување на нашиот дел од преговарачката рамка со оглед дека во преговарачката рамка има одредби коишто треба ЕУ да ги исполни и коишто ги исполнија. Се одржа прва меѓувладина конференција, македонскиот јазик веќе е дел од јазиците во ЕУ, се потпиша Договорот ФРОНТЕКС, веќе е закажана втората меѓувладина конференција итн., и она што се однесува до нас треба ние да го направиме во Парламентот, рече, меѓу другото, Ковачевски за време на посетата на компанијата „Вива“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy