Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: СДСМ секогаш била и секогаш ќе биде најсилната партија во Македонија, гласањето против не носи добро!
Македонија

Ковачевски: СДСМ секогаш била и секогаш ќе биде најсилната партија во Македонија, гласањето против не носи добро!

28/04/2024

AA

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на митинг во Крушево порача дека ако идејата за независна македонска држава првпат била реализирана во Крушево, тогаш и идејата за Европска Македонија ќе почне токму од таму благодарение на Македонци, Власи и сите други заедници кои живеат во нашата држава.

„Замислете асномците при првата пречка да се откажеле од својата идеја за македонска држава. Замислете нашите претходници во 90-тите да се откажеа од идејата за независна Македонија. Тоа би било исто како ние да се откажеме од идејата за нашата цел, за европска Македонија. Затоа СДСМ секогаш била и секогаш ќе биде најсилната партија во Македонија. Партија која не се откажува кога е најтешко, партија која не потклекнува кога се очекуваат тешки одлуки. Сите оние кои мислеле дека ќе не скршат завршиле заборавени од историјата. И затоа никој не треба да помисли ниту на сон дека сега ќе се откажеме“, рече Ковачевски.

Според него, тоа значи откажување од идејата за подобар живот.

Ковачевски вели дека се свесни за казната во првиот круг на изборите и порача дека пораката е примена.

„Треба да седнеме, да поразговараме за проблемите прво меѓу себе, како што тоа го правиме исто и со граѓаните. И само така ќе можеме да ги оправиме сите грешки и заедно да градиме подобра и по просперитетна иднина за граѓаните. Знам дека голем број граѓани сѐ уште немаат одлучено кому да му го дадат својот глас. Затоа ги повикувам убаво да размислат кој заслужува да ја води државата. Убаво да размислат дали сакаат да гласаат за или сакаат да гласаат против. Гласањето против не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме за, може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која и тие ќе сакаат да живеат, рече Ковачевски, повикувајќи ги граѓаните да гласаат за кандидатот за претседател Стево Пендаровски и Коалицијата За европска иднина на Парламентарните избори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се

28/08/2026
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се знае во септември

28/08/2026

Пензионерите на почетокот на септември ќе дознаат колкаво ќе биде новото зголемување на пензиите, а првичните пресметки покажуваат раст од

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026

Непочитувањето на сообраќајните правила повторно резултираше со голем број полициски интервенции низ земјава. Во текот на изминатото деноноќие, 16 возачи

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026

Жешкиот воздушен бран од Африка денеска носи и зголемено количество сахарска прашина и песок над Македонија, поради што атмосферата на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy