Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ
Македонија

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

27/04/2024

AA

На вечерашниот митинг кој се одржа во Гостивар, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на присутните им порача дека СДСМ е силна партија и ако некој мисли дека тукутака ќе се откажат, тогаш или не ги познава или ги потценува.
„Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме. И нема да се откажеме. СДСМ е наследник на сојузот на комунистите на Македонија. КПМ е формирана тука во соседство кај вас во Тетово, во 1943 година. Тогаш нашите претходници беа на вистинска страна на историјата и се бореа за слободна, независна држава.

Тогашниот претседател на ВМРО – Ванчо Михајлов беше на страната на фашистите и тој ја бојкотираше таа борба. Во 1993 година кога требаше да влеземе во ОН, благодарение на Киро Глигоров Македонија влезе во ОН, ВМРО – ДПМНЕ и тогаш го бојкотираше влезот во ОН. Подоцна кога требаше да станеме членка на НАТО, ВМРО – ДПМНЕ го бојхкотираше референдумот“, додава Ковачевски.

Со вас, вели тој, успеавме да го срушиме режимот на ВМРО-ДПМНЕ и да ја ослободиме државата од канџите на ВМРО-ДПМНЕ и 11-те години изолација. Оваа влада со поддршката на граѓаните ја внесе Македонија во НАТО, донесе тешки но правилни одлуки и после 30 години, успеа да ги отпочне преговорите со Европската Унија.

„СДСМ е единствената политичка сила знае како да го направи тоа.Затоа бидете сигурни дека заедно со граѓаните со гордо крената глава на 8 мај повторно ќе излеземе на избори и повторно ќе кажеме ДА, ние сме тие кои сме за прогресивна, напредна, европска Македонија“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во средата, во првиот круг на претседателските избори, граѓаните им испратиле силна порака и дека таа порака ја слушнале, ја прифатиле одговорноста и се свесни дека СДСМ мора да се промени за да ја врати довербата на граѓаните.

„Знаеме дека има и незадоволство кај граѓаните. Тоа не го криеме и го кажував во изминатите неколку месеци. Нас нѝ е совршено јасно дека партијата треба да се менува за да ја вратиме довербата на граѓаните. Како човек кој во животот и во кариерата се соочил со многу победи и со порази, добро знам дека првиот чекор кон промена е прифаќањето на сопствените грешки“, порача Ковачевски.

Изборите на 8-ми мај ќе бидат многу тешки за сите, појаснува Ковачевски и вели дека тие ја имале поддршката и кога било најтешко, потсетувајќи дека резултатот сѐ уште не е одлучен.

„Порешителни и пообединети од било кога, ќе продолжиме да се бориме и да ја оствариме нашата заложба – да ја видиме Македонија во ЕУ. Затоа, пред да го дадете својот глас на 8-ми мај, размислете добро кој го заслужува тоа, бидејќи тоа е најмоќниот демократски инструмент кој го имате на располагање. Ние ќе бидеме тука да ги претставуваме сите оние кои нема да се откажат од градење на просперитетно, демократско и европско општество во Македонија“, рече Ковачевски.

Ковачевски додава дека ниту тој, ниту СДСМ нема да се откажат од членството на Македонија во Европската Унија, затоа што со тоа се обезбедува подобар животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство и држава достојна за сите граѓани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОДАТА ВО СТРУГА ЗАБРАНЕТА ЗА ПИЕЊЕ ПОРАДИ ЗАМАТЕНОСТ Може да

16/11/2026
Македонија

СЕДНИЦИТЕ ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА НЕМА ДА ИМААТ РЕДОВНИ ПАУЗИ Пратеничките

16/11/2026
Македонија

ЈА КИДНАПИРАЛ, ЈА ЗАТВОРИЛ, ЈА ТЕПАЛ, Ѝ НАНЕЛ ТЕШКИ ПОВРЕДИ

16/11/2026
Македонија

„СЕЦИРАЊЕТО“ НА БУЏЕТОТ ЗА 2027 ЌЕ ПРОДОЛЖИ В СРЕДА Еве

16/11/2026
Македонија

ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ПАТОТ КОН ЕУ И ПОКРАЈ УСЛОВУВАЊАТА Мицкоски

16/11/2026
Македонија

ЌЕ СТОРИМЕ СÈ СТОРИТЕЛОТ ДА ОДГОВАРА ПРЕД ПРАВДАТА Мицкоски со

16/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА БИДЕ ПРЕДВОДНИК ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ Вајц

16/11/2026
Македонија

ДУИ ГО ОВОЗМОЖИ ВЛЕЗОТ НА АЛТА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА Непријатни

16/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46797
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОДАТА ВО СТРУГА ЗАБРАНЕТА ЗА ПИЕЊЕ ПОРАДИ ЗАМАТЕНОСТ Може да се употребува како техничка вода

16/11/2026

Водата во Струга е забранета за пиење поради зголемена заматеност во градскиот водовод, соопшти денеска јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

СЕДНИЦИТЕ ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА НЕМА ДА ИМААТ РЕДОВНИ ПАУЗИ Пратеничките групи и претседателот на собранието

16/11/2026

Седниците за пратенички прашања во Собранието нема да имаат редовни паузи, со цел опозицијата да добие два часа ефективно време

ЈА КИДНАПИРАЛ, ЈА ЗАТВОРИЛ, ЈА ТЕПАЛ, Ѝ НАНЕЛ ТЕШКИ ПОВРЕДИ Поднесено обвинение и побаран притвор

16/11/2026

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против 31-годишниот охриѓанец осомничен за напад врз неговата девојка товарејќи го за три кривични

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy