Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Продолжувањето на европските интеграции е клучно, постојат позитивни сигнали за пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ
Македонија

Ковачевски: Продолжувањето на европските интеграции е клучно, постојат позитивни сигнали за пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ

05/10/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија на маргините од третиот Самит на Европската политичка заедница во изјава за медиумите ги пренесе пораките од средбите кои ги оствари за време на Самитот, како и пораките од учеството на тркалезната маса каде освен премиерот Ковачевски, учествуваа и лидерите на Шведска, Франција, Обединетото Кралство, Италија, Хрватска, Лихтенштајн, Бугарија и Албанија, како и Европската комисија и Европскиот парламент.

Во продолжение ви ја пренесуваме интегрално изјавата на претседателот на Владата, Ковачевски.

„Учеството на третиот Самит на Европската политичка заедница кој се одржа денес, во Гранада беше одлична можност за значајни дебати и дискусии за актуелни прашања поврзани со евроинтеграцискиот процес, потоа со безбедносните предизвици, дигитализацијата, напредокот на Европа во насока на градење на транспарентни општества и тоа во време на силни геополитички превирања на европскиот континент.

Како што напоменав и на почетокот на денот, многу е важно што овој самит на Европската политичка заедница се случува ден пред неформалниот Совет на ЕУ, на кој присуствуваат лидерите на сите земји членки на ЕУ, кои денес беа присутни заедно со сите други земји од Европа и на состанокот кој се одржува утре, исто во Гранада на кој лидерите од ЕУ ќе започнат дискусии за приоритетите на Унијата во следните години, односно ќе дискутираат со цел да ја подготват стратешката агенда на ЕУ за годините кои следат.

По нашите дискусии денес, тие утре ќе разговараат за проширувањето како стратешка определба на ЕУ, како и за внатрешната реформа во насока на тоа проширување, односно за реформа која ќе овозможи Унијата да фунцкионира со нови земји членки кои ќе пристапат во периодот пред нас до 2030 година.

Оттука, за нас како земја, но и за целиот регион на Западен Балкан, Европската политичка заедница како платформа е исклучително значајна. По самитот во Кишињев и првиот кој се одржа во Прага, денес овде во Гранада, повторно имаме можност и ние и останатите земји кои се дел од процесот на пристапување, да се вклучиме во дел од тие разговори денес и тоа преку учество на работни маси и билатерални средби на маргините на овој самит со премиерите на другите држави.

Моето учество на тркалезната маса на тема Дигитална транзиција и вештачка интелигенција беше можност да говорам за придобивките и позитивните практики кои преку дигитализација, може да ги добијат државите но пред сè граѓаните во делот на остварување на поефикасни и побрзи услуги. Тоа ќе влијае на зголемување на транспарентноста, на подобрување на јавните услуги, намалување на корупција, што во суштина значи и забрзан евроинтеграциски процес меѓутоа и подобар живот.

Исто така разговаравме дека со зголемувањето на дигитализацијата, со зголемувањето на телекомуникациските услуги а нашата држава е држава којашто ја има во Европа една од најдобрите телекомуникациски мрежи и една од најразвиените телекомуникациски мрежи. Рака под рака со овие предизвици оди и сајбер безбедноста како и заштитата од хибридни напади и затоа тука се договоривме дека во веќе формираниот центар за заштита од сајбер напади, од страна на ЕУ, ќе биде проширен како во однос на процесите така и во однос на фондовите. Ќе бидат опфатени и земјите кандидати за членство во ЕУ. И Северна Македонија ќе биде опфатена во овој центар којшто ќе овозможи подобра заштита на нашата телекомуникациска мрежа, на нашите системи од сајбер напади кои се случуваа во минатото, меѓутоа од кои постои опасност дека ќе се случуваат.

Следната тема беше исто така важна, а тоа е управувањето со социјалните мрежи и со предизвиците на вештачката интелегенција. ЕУ веќе започнува да работи на конкретни планови за воведување на соодветни регулативи коишто се однесуваат на обезбедување на регулација во овој простор и исто така заштита на демократските општества од влијанија на трети земји кои не сакаат да има демократски општства какви што денес ги има во ЕУ и во земјите кандидати за членство во ЕУ.

Како Влада имаме силна волја што побрзо преку дигитализација да развиеме различни алатки за дигитализација на јавните услуги, бидејќи колку побрзо се имплементираат толку побрзо нашите граѓани, компаниите ќе ги почувствуваат придобивките од истата. Ние веќе сме земја која има воведено систем за вештачка интелегенција во делот на пружање на информации, во делот на поддршката на инвестициите преку системот АДА. Меѓутоа и голем број на услуги во државата се веќе дигитализирани во делот на градежништвото, во делот на обезбедувањето на документи за граѓаните и во други делови на работењето и живеењето во државата.

За време на Самитот имав исклучително важни средби и тоа со премиерот на Ирска, Лео Варадкар и со премиерот на Холандија, г. Марк Руте и со премиерот на Шпанија Педро Санчез. На сите овие средби разговаравме за динамиката на скрининг процесот кој Северна Македонија го има со ЕУ, кој се одвива одлично. За динамиката во однос на одлуките кои треба да ги донесеме во нашето собрание а кои се однесуваат на уставните амандмани и продолжување на европските интеграции и отворање на кластерите по завршувањето на процесот на скринингот. Секако дека добивме поддршка во однос на овие процеси од државите и од премиерите со кои денес имав можност да разговарам.

Како клучни пораки кои можам да ги истакнам од состаноците денес, од мултулатералниот состанок на почеток и подоцна од состаноците на работните групи како и од билатералните средби е дека Европа успеа да покаже дека само со заедничка работа можат да се остварат и визијата за мир, стабилност, обединетост и просперитет на европскиот континент без разлика дали земјите се членки на ЕУ или се земји кандидати за членство во ЕУ кои наскоро ќе станат земји членки. Потоа, дека ние сме поврзани и географски меѓутоа и вредносно и историски на овој контитент и дека делиме заеднички вредности, дека мора да се воспостави заедничка безбедносна архитектура за европскиот контитент да живее во мир, слобода и просперитет. И секако дека Европа отсекогаш била една од центрите односно била континент на иновации и континент на нови процеси кои се одвиваат во светот, дека има огромен потенцијал и дека со заедничка работа ќе може да се придонесе и за развој на бизнисот и за развој на животниот стандард на европскиот контитент. И секако дека проширувањето останува високо на агендата на ЕУ за што утре ќе има и конкретен состанок на лидерите на ЕУ на неформалниот состанок на Европскиот Совет.

Таму ќе се разговара за внатрешните реформи кои ЕУ треба да ги направи со кои ќе биде во можност да апсорбира нови земји членки во ЕУ, бидејќи не е исто доколку ЕУ работи со 27 земји членки во однос на она што би било доколку има 32, 33 земји членки во ЕУ во делот на нејзиното функционирање.

Веќе во медиумите е лиферувана информација дека посоти германско-француски предлог во однос на еден работен материјал кој ќе биде основа за утрешниот состанок, меѓутоа и за состанокот официјален на Европскиот Совет кој ќе биде во декември. Јас не би навлегувал во детали со оглед на тоа дека се работи за работен материјал кој треба да го презентираат тие коишто го направиле меѓутоа го имам видено, се работи за материјал кој има позитивни сигнали и позитивни одредби во однос на пристапувањето на земјите од Зпаден Балкан во ЕУ.

Би сакал да се заблагодарам на домаќините за одличната организација, за сè она што беше овозможено за нашата делегација. Благодарност на нашиот амбасадор во Шпанија, г.Адеми, на советничката во мојот Кабинет за надворешни работи и претставниците на медиумите коишто денеска беа тука со нас“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОСТЕПЕНАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ Е УСЛОВЕНА СО СТРОГИ ПРАВИЛА И

30/09/2026
Македонија

СЕ ПРАВАТ НОВИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД Јаневска

30/09/2026
Македонија

ДИРЕКТОРОТ НА НУ „ИСТОРИСКИ МУЗЕЈ“ – КРУШЕВО ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА

30/09/2026
Македонија

ЃАВОЛОТ ЈА ПЛАТИЛ КАЗНАТА ОД 8.000 ЕВРА ШТО МУ ЈА

30/09/2026
Македонија

ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ, НАШИТЕ АРГУМЕНТИ СЕ ЈАСНИ Мицкоски за

30/09/2026
Македонија

ФАТЕНИ ТРОЈЦАТА ПОЛЈАЦИ ШТО УПАДНАА ВО ВОЕН МАГАЦИН И ПОБЕГНАА

30/09/2026
Македонија

ПЕШТЕРСКИ ПАТРИОТИЗАМ • ОСТРИ КРИТИКИ ОД БУГАРСКИОТ ИСТОРИЧАР БЛАГОЕВ Цар

30/09/2026
Македонија

ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОТКРИЈА 12 МИГРАНТИ ВО ЕДЕН ДЕН Се криеле

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45891
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОСТЕПЕНАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ Е УСЛОВЕНА СО СТРОГИ ПРАВИЛА И СО МОЖНОСТ ЗА СУСПЕНЗИЈА Брисел

30/09/2026

Европската унија ќе ја отвори својата огромна економија за земјите што чекаат да се приклучат во нејзините редови, под услов

СЕ ПРАВАТ НОВИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД Јаневска вели решението мора да биде

30/09/2026

Се анализираат и се прават нови пресметки за подобрување на студентскиот стандард – најави денеска министерката за образование и наука

ДИРЕКТОРОТ НА НУ „ИСТОРИСКИ МУЗЕЈ“ – КРУШЕВО ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА Се извини што е дозволено

30/09/2026

Директорот на Националната установа „Историски музеј“ – Крушево, Миха Оџаклиески, денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата, наведувајќи дека одлуката е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy