Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Прашањето околу изборите веќе е апсолвирано, тие ќе бидат во својот редовен термин
Македонија

Ковачевски: Прашањето околу изборите веќе е апсолвирано, тие ќе бидат во својот редовен термин

05/10/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека е можно повторно да има лидерска средба на која ќе учествуваат сите лидери на партиите, со оглед на тоа што одлуките за свикување на избори се носат со консенсуз, но останува на ставот дека сега имаме поважен процес во државата од изборите, а тоа е носење на одлуките за продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата. Ковачевски потенцираше дека прашањето околу изборите веќе е апсолвирано, тие ќе бидат во својот редовен термин.

-Ние можеме уште во понеделник да закажеме седница на Собранието на која ќе бидат изгласани уставните амандмани и истиот ден да се закажат предвремени парламентарни избори. Исто така, на маса е и друг предлог, а тоа е да се почне процесот на уставните измени. ВМРО ДПМНЕ да биде дел од Владата како што бараа, и притоа да биде завршен скринингот, да се отворат поглавјата од првиот кластер, да затвориме едно или две поглавја и потоа да одиме на претседателски и на парламентарни избори, што секако би претставувало некаков договор во однос на најважното прашање кое го имаме за граѓаните и за државата, рече Ковачевски на денешната прес-конференција во Гранада, одговорајќи на новинарско прашање за барањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за лидерска средба на која би се утврдил датумот за одржување на предвремени парламентарни избори.

Се друго, според премиерот, е разговор на теми кои му значат само на некого што сака без политичка програма да дојде на власт.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Гранада, Ковачевски рече дека парламентарните избори се дефинирани согласно закон, исто како што се дефинирани и претседателските избори.

Во врска со измените на Изборниот законик, Ковачевски посочи дека во рамките на Министерството за правда работи работна група за измени на Изборниот законик, предводена од поранешен член на ДИК. Како што рече, во таа работна група учествуваат претставници на сите политички партии, освен претставник на ВМРО ДПМНЕ.

-Во таа работна група учествуваат претставници на сите политички партии, освен претставник на ВМРО ДПМНЕ, по нивна волја. Иако, кога се формираше работната група не само што беа повикани, туку и беше понудено претседател на Комисијата да биде предложен од ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа тие одбија. Кај нас точно е дефинирано кога ќе се одржат претседателски избори и кога ќе се одржат парламентарни избори во нивните редовни термини, потенцираше Ковачевски.

Во однос на набљудувачките мисии, Ковачевски рече дека штом ќе се распишат изборите, претседателски или парламентарни, тогаш се испраќа барање до ОСБЕ/ОДИХР да испрати долгорочна мисија која што ќе го набљудува целиот процес на подготовка на изборите. Посочи дека со почетокот на изборната кампања и одржувањето на самите избори, доаѓа набљудувачка теренска мисија која што ги надгледува изборите и нивното одржување и потоа поднесува извештај. Овие постапки се спроведуваат откако ќе бидат распишани изборите.

Коментирајќи го ставот на Мицкоски дека „можеби Фројд влијае на Ковачевски, па тој може да биде фрустриран од ситници“, Ковачевски тврди дека проблемите на нашата држава се многу помалку од психотерапевтска природа, тие се повеќе проблеми од „гастроентерхепатолошка природа“.

-Јас ја видов изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во кoja тој споменуваше автори од делот на психотерапијата. Сметам дека проблемите на нашата држава се многу помалку од психотерапевтска природа, тие се повеќе проблеми од гастроентерхепатолошка природа, со оглед на блокадите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави во Собранието и во носењето на одлуките за интеграција на нашите граѓани и на нашата држава во ЕУ, рече Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy