Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски по потпишаниот Меморандум: Брза железничка линија Скопје–Ниш-Белград, го поврзуваме регионот со ЕУ и овозможуваме забрзан економски развој
Македонија

Ковачевски по потпишаниот Меморандум: Брза железничка линија Скопје–Ниш-Белград, го поврзуваме регионот со ЕУ и овозможуваме забрзан економски развој

17/11/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, имаше заедничка прес-конференција со претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, по билатералната средба и потпишувањето „Меморандум за соработка за воспоставување железничка мрежа со високи перформанси помеѓу Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија и Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Република Србија“.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на премиерот Ковачевски на прес-конференцијата:

„Почитуванa премиерке Брнабиќ,

Почитувани министри,

Почитувани претставници на медиумите,

Како и амбасадори на државите за успешната организација на вчерашниот и денешниот ден при нашата посета во Република Србија,

Најпрво да ви се заблагодарам на сите Вас за тоа што го следите Саемот „Винска Визија на Отворен Балкан“ и ја информирате јавноста за сите случувања на овој меѓународен настан.

Нашите Влади се силно ориентирани да го подигнат економскиот и социјалниот стандард на граѓаните, а на бизнис заедницата да и овозможат квалитетно и ефикасно да работат во однос на извршување на своите деловни планови и да ги реализира во разумен рок.

Ваквиот пристап доведува до квалитетни решенија посебно во време на светска економска и енергетска криза, како и на силни геополитички превирања, што за нас е голем стимул уште посилно да се вложува за стабилен и просперитетен Западен Балкан.

Благодариме за срдечниот прием на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ. Денешната средба, уште еднаш ги потврдува нашите заложби за важноста од економската соработка во регионот, која е неопходна за соработката со земјите од Европската Унија и која што на крајот резултира со Балкан кој е поврзан и кој успешно може да соработува и меѓу себе меѓутоа и со земјите од ЕУ.

Нашата посветеност на унапредување на соработката со сите земји во регионот, даваат бенефит за нашите граѓани, ние сме држава како и сите други држави од регионот со не толку силни економии како на земјите членки во ЕУ и затоа од голема важност е меѓусебно да соработуваме бидејќи во заедништвото е секогаш силата.

Кога зборуваме за соработката, потврдуваме дека нашиот фокус мора да остане Европската Унија, бидејќи земјите од Западен Балкан таму припаѓаат. Ние имаме нагласена европска ориентација, реформски сме ориентирани и подготвени да даваме придонес во меѓународната соработка во сите области.

Денеска во рамки на иницијативата Отворен Балкан, Министрите за транспорт и врски бевме сведоци дека потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси.

Овој Меморандум за соработка се однесува на железничката линија која треба да ги поврзе Атина-Солун-Скопје-Ниш-Белград-Загреб-Љубљана-Салзбург. Секако со крак кон Будимпешта.

Конкретно зборуваме за делницата Скопје-Ниш-Белград и секако за кракот кој во Скопје ќе се поврзе со Меѓународниот аеродром во Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шабан Салиу доби нова функција во Влада и плата над

20/08/2026
Македонија

Ибвинителството денеска ќе ја соопшти одлуката за истрагата за 19-те

20/08/2026
Македонија

Пожар кај Никуштак детектиран со смарт-камерите на ЦУК

20/08/2026
Македонија

Од патарина до крај на јуни инкасирани над 31 милион

20/08/2026
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45129
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шабан Салиу доби нова функција во Влада и плата над 100.000 денари

20/08/2026

Поранешниот министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, по разрешувањето од министерската фотелја

Ибвинителството денеска ќе ја соопшти одлуката за истрагата за 19-те модуларни болници

20/08/2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе одржи брифинг во врска со одлуката поврзана со

Пожар кај Никуштак детектиран со смарт-камерите на ЦУК

20/08/2026

Системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери на Центарот за управување со кризи (ЦУК) навреме детектирал пожар во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy