Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Намалена е финалната цена на основните прехранбени производи
Македонија

Ковачевски: Намалена е финалната цена на основните прехранбени производи

09/02/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оцени дека во услови на висока инфлација во Европа, со мерките што се преземени намалена е финалната цена на основните прехранбени производи. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има замрзнување на цените на производите, Ковачевски рече дека таква мерка имаше пред почетокот на кризата, по што уследи мерката за ограничување на маржите за пет и 10 проценти на одредени производи.

– Имавме замрзнување на цените на почетокот на кризата. Меѓутоа, доколку ја замрзнете цената под цената, под вкупните трошоци за производство на одреден производ, тогаш веднаш ќе се јави недостиг на пазарот. Затоа после мерката на замрзнување се оди на мерката на ограничување на маржите при што кога се направи мерката за ограничување на маржите, исто така, се преговараше со трговците и тогаш дел од трошоците коишто се сметаат за маркетинг трошоци и промоција и поставување во маркетите се тргнати од маржата и трговците практично имаат 5 проценти маржа за одредени производи и 10 проценти за други основни прехранбени производи без можност да вкалкулираат дополнителни трошоци коишто ја менуваат финалната цена. Така дојдовме до намалување на финалната цена на основни прехранбени производи во време на висока инфлација во цела Европа, рече Ковачевски, при посета на компанија корисник на државна поддршка.


Тој се осврна и на постапките на одредени трговци во услови на криза, изразувајќи сочувство до семејството на сопственикот на КАМ маркет, компанијата што, како што нагласи, во најкризниот месец на своја иницијатива ги замрзна цените на основите прехранбени производи во сите нивни маркети.

– Тоа е уште еден доказ дека ако работат владините институции заедно со сопствениците со бизнисите тогаш може да имаме солидарен пристап којшто ќе биде на бенефит на сите граѓани, рече Ковачевски.


Во однос на цените на пазарот, тој посочи дека Пазарната инспекција ги контролира маржите. Тоа е специфична калкулација што ја знаат пазарните инспектори и точно врз основа на инпут цените коишто ги имаат од производители ја пресметуваат маржата што ја ставаат трговците, рече Ковачевски.

Министерот за економија Крешник Бектеши, пак, потенцираше дека ДПИ треба да ја врши контролата на одлуките што произлегуваат од Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите.


– Сите одредби предвидени во Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите се следат од Пазарниот инспекторат, што значи дека за одлуките што произлегуваат од овие две законски решенија контролата треба да ја врши ДПИ и затоа се надлежни да вршат такви контроли, изјави Бектеши.

Директорот на ДПИ претходно на брифинг соопшти дека инспекторатот врши постојани инспекциски надзори кај трговците на големо и трговците на мало за почитување на ограничувањето на маржата, потнцирајќи дека на големо се санкционира секое отстапување од највисоко утврдената маржа од 5 и 10 отсто. Според оваа Одлука за ограничување на маржата кај основните прехранбени производи, во јануари се извршени над 300 инспекциски надзори и не се забележани отстапувања од предвидените ограничувања за маржата.

Според пријавите кои пристигнуваат, рече Трајковски, кај граѓаните најголема е загриженоста поради зголемувањето на цените.

Она што е во надлежност на ДПИ, а се однесува на цените на производите, е да постапува согласно одлуката на Владата која се однесува на ограничување на маржата на одредени производи од 5 до 10 отсто кај трговците на големо и мало, но не влијаеме врз формирањето на цени на пазарот, ниту, пак, одредуваме кој производ според која цена треба да се продава, цените се формираат на слободниот пазар, рече Трајковски.

На средба што ја одржале Бектеши и Трајковски за примената на законските одредби за двојазичноста на етикетите, како што соопшти министерот, е договорено инспекторите да не постапуваат за производите за кои се направени залихи и се купени амбалажи, етикети и декларации.

-За новите набавки сите наши компании и трговци кои увезуваат одредени производи, набавки кои веќе не ги направиле треба дополнително да ги направат, треба да бидат двојазични имајќи во предвид дека не би било фер во држава како што е Северна Македонија да имаме на други јазици а зошто да не и на српски, на турски, на влашки и на ромски каде што се има можност, а согласно со Законот за употреба на јазиците на македонски и на албански тоа е предвидено и мора да го има, рече Бектеши.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy