
Ковачевски на неформална средба со министрите: По оставката им се заблагодари за напорната работа!
Премиерот Димитар Ковачевски денеска си поднесе оставка.
По излегување од Собранието, тој порача дека имал неформален состанок со министрите.
„Јас малку задоцнив меѓутоа имавме со министрите една неформална средба на која им се заблагодарив за напорната работа во овие изминати две години. Сите тие можат да бидат горди, исто како што сум јас горд на се она што направивме за државата, за граѓаните во изминатите две години“, порача Ковачевски.
Во продолжение целата изјава:
