Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Македонија е фактор на стабилност, со новата агенда за мир на ООН придонесуваме кон помирен, постабилен и поправеден свет за сите
Македонија

Ковачевски: Македонија е фактор на стабилност, со новата агенда за мир на ООН придонесуваме кон помирен, постабилен и поправеден свет за сите

03/05/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски денес, се обрати пред членовите на Совет за безбедност на Обединетите Нации во Њујорк.

Премиерот Ковачевски упати честитки за првото Претседавање на Швајцарија со Советот за безбедност и ја поздрави денешната дебата посветена на прашањето на мирот.

Во продолжение обраќањето на премиерот во целина:

„ Благодарам г-дин Претседавач,

Честитам за првото Претседавање на Швајцарија со Советот за безбедност и ја поздравувам денешната дебата посветена на прашањето на мирот.

Ова е уште една потврда дека Швајцарската Конфедерација е посветена на благородната кауза на мирот, мирното решавање на конфликтите и на меѓународното право.

Посебно сум почестен што сум првиот македонски премиер кој зборува пред Советот за безбедност и што на ваша покана денес ќе имам можност да придонесам во дискусијата.

Сметам дека нашите денешни ставови, треба да се потпираат и на позитивните искуствата од минатото, кога ОН и мутилатералниот систем се покажаа ефикасни.

Денес, кога имаме морална обврска да придонесеме кон Новата Агенда за мир, не можеме, а да не ги погледнеме искуствата на старата Агенда од 1992 и почетоците на долгогодишната прва и единствена превентивна Мисија на ОН, во нашата земја, пред 30 години.

Таа мисија беше најшироко оценета како успешна превентивна акција на ОН.

Основа за градењето на мирот е јакнење на довербата и превенцијата, а одговорноста за тоа е кај нас, Владите на државите членки на ОН.

Тоа е многу пати пати повторено, а во нашиот случај потврдено и во пракса. Нашиот прв претседател Киро Глигоров, во тешките години на војни на просторот на поранешна Југославија, со својата мудрост, одговорност и посветеност на мирот овозможи мирно осамостојување и меѓународно етаблирање на Северна Македонија, како независна и суверена држава.

Во време на војна во најблиското соседство, ние имавме сопствена, национална агенда за мир која нужно подразбираше обезбедување на внатрешен консензус, но и тесна соработка со ОН, како и со регионалните организации, пред се ОБСЕ и ЕУ. На тој начин се создадоа предуслови за успешната превентивна мисија – УНПРЕДЕП.

Се спречи прелевањето на конфликтот, беа сочувани мирот и стабилноста, а со тоа спасени безбројни животи и спречени непотребни разурнувања. И што е исто така многу важно: се креираше доверба и полека но сигурно се развиваше културата на дијалог како единствен начин за надминување и на најсериозните предизвици.

Токму преку таа култура на отворен дијалог Северна Македонија 30 години подоцна е земја пример за решавање на отворени прашања и дома и со соседите.

Изминативе 30 години ние донесовме многу тешки одлуки. Тешки, но визионерски и храбри одлуки, кои ни овозможија денес да сме земја членка на НАТО и да имаме отпочнати преговори со Европската Унија со заштитен и признат македонски јазик, идентитет и култура.

Од земја која пред 30 години беше домаќин на мировни мисии, денес сме фактор на стабилност и домаќини на преговори помеѓу други земји.

Господине Претседавач,

Неопходно е да ја засилиме довербата во нашите институции, во ОН, во правдата. Во нашата акција треба да бидеме водени пред се од принципите на Повелбата на ОН, мирното решавање на конфликтите, како и солидарноста, и од потребата од активен и постојан ангажман за намалување на страдањата, секаде каде што е тоа потребно.

Во тој контекст остварувањето на Целите на Одржлив Развој се целосно комплементарни со сите настојувања за обезбедување на помирен, постабилен и поправеден свет за сите.

За жал, денес сме многу далеку од остварувањето на таквата визија. Руската воена агресија врз Украина, која се уште трае, до таа мерка ги смени глобалните односи што итно се наметнува потребата од повторно препознавање на нашата референтна правна рамка, донесена од страна на основачите. Нивната јасна намера била избегнување на ужасите од војната.

И овој пат како и многу пати досега Република Северна Македонија цврсто застана на вистинската страна на историјата, на страната на демократскиот и слободен свет, на страната на правото на секоја земја за самоопределување.

Денес сите ние заедно мора повторно да застанеме на страната на мирот и повторно да се заложиме за почитување на Повелбата на Обединетите нации.

Како рамноправен дел од тогашната Федерација која била меѓу основачите на ОН, но и како држава која пред 30 години се стекна со свое самостојно место во оваа Организација, Република Северна Македонија го крева својот глас и ја споделува крајната загриженост од кризата што ја притиска Организацијата на Обединетите Нации, но и меѓународниот правен поредок, светскиот мир и стабилност.

Новата Агенда за мир на Генералниот Секретар Гутереш е шанса што треба да ја искористиме и во функција на создавање услови за многу поединствена акција, со свест за растечките ризици. Утрешниот ден ќе не праша што сме правеле денес, како што денес се прашуваме зошто не сме дејствувале вчера. Потребен ни е мир!

Сега и веднаш!

Благодарам и уште се заблагодарувам за можноста да се обратам пред советот за безбедност на ОН.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44909
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW, граѓаните ги добиваат првите е-услуги

07/08/2026

Идниот национален дата-центар нема да биде гигантски комерцијален објект, туку компактен и ефикасен систем со инсталирана моќност под еден мегават,

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy