Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Коридорот 8 е нов економски и развоен импулс на државата, можност Северна Македонија да биде на сообраќајната и економската карта на Европа
Македонија

Ковачевски: Коридорот 8 е нов економски и развоен импулс на државата, можност Северна Македонија да биде на сообраќајната и економската карта на Европа

04/04/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Тетово присуствуваше на поставување камен-темелник на проектот Коридор 8, со што се означи почетокот на изградбата на модерен, современ автопат Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан.

Во продолжение ви го пренесуваме интегралното обраќање на претседателот на Владата:

„Денешниот чин, е почеток на сериозен стратешки и државнички подвиг, чија придобивка и благодат ќе ја гледаат сегашните и идните генерации на нашата земјата но и на двете наши соседни земји кон исток и кон запад кои ги поврзува Коридор 8, и на сите кои ќе минуваат низ него.

Оваа Влада, со години докажува дека се грижи за остварување на големите стратешки прашања за државата, без разлика дали тие се внатрешни или надворешни прашања.

Без разлика дали говориме за НАТО или говориме за ЕУ, или говориме за инвестициите во гасоводи, автопати, ветерници и сончеви централи, токму нашите остварувања докажуваат дека работиме за интересите на сите граѓани, а најмногу во интерес на идните генерации кои ќе имаат подобар живот со овие наши чекор, одлуки и инвестиции.

Бидејќи од изградбата на автопат или сончева, ветерна, биогас централа, или било кој енергетски објект целосна придобивка ќе видат генерациите кои утре нема да бидат ограничени од вакви предизвици кои ние денеска ги совладуваме, и ќе се фокусираат на напредните достигнувања на технологијата и бизнисот.

И во тоа се гледа нашето државничко постапување сите овие години. Во преземањето храбри одлуки кои утре ќе го направат животот подобар на сите граѓани без разлика на тоа дали тие достигнувања се случиле во еден мандат. Ние не сме тие кои ќе калкулираат со ситни политички поени, туку сме тие кои ги решаваат крупните прашања наплатени со децении, без партиски калкулации туку за јавен интерес.

Со гео-стратешката позиција и Коридор 8 ние стануваме неизбежна транспортна рута како во регионот така и пошироко.

Денеска започнува силна градежна офанзива за изградба на западниот дел на Коридор 8. Камен-темелникот на Коридорот 8 не е само почеток на нова патна инфраструктура, тоа е камен-темелник и на нови инвестиции, отворање нови пазари, можност за нови соработки како меѓу домашните, така и со меѓународни компании.

Изградбата на Коридорот 8 значи помалку трошоци за транспорт, побрз транспорт, поврзување и интеграција на Северна Македонија, како и економски и регионален развој на земјава.

Изградбата на модерен, современ автопат Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан, денеска покажува дека е конкретна, реална и остварлива цел која е во интерес на граѓаните, за нивен подобар живот и просперитет на бизнис заедницата. Секој автопат носи можност за нови бизниси и економски развој. Нови бензински пумпи, нови хотели, ресторани, деловни објекти, повеќе вработувања, подобро платени работни места, поголема конкуренција и побрз развој.

Знам колку овој автопат е важен за нов економски и развоен импулс не само на западниот дел од земјава, туку и за регионален развој на целата држава.

Изградбата на Коридорот 8 значи поврзување на државата со другите земји од Европа, значи странски инвестиции, економски развој на земјата, побрз трансфер на луѓе и роба, развиен туризам и пред сè безбедни и сигурни патишта за граѓаните.

Коридорот 8 и коридорот 10д се најголемиот инфраструктурен проект досега во нашата држава во патниот сектор. Вредноста на Договорот за изградба на коридорите 8 и 10д изнесува 1,3 милијарди евра. Ќе се градат четири автопатски делници во вкупна должина од околу 110 километри. Вакво нешто никогаш во историјата на нашата држава не било направено. До денес, овие два коридора биле само план на хартија, кој никогаш не бил реализиран од разни причини. Денес тоа се менува и започнува нивната реализација. За прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, а не како досега само поврзување север и југ. Со изградбата на автопатите нашата држава ќе биде поврзана со уште две пристаништа. Пристаништето во Драч и пристаништето во Бургас и тоа за нас е одлична можност и перспектива за развој. Северна Македонија ако досега беше кружен тек, сега со овој коридор 8 станува вистинска крстосница на Балканот.

Тоа е нашата иднина, единствено со вложување во капитални проекти обезбедуваме можности за стопанството, за бизнис заедницата, вложуваме во функционално, модерно, патно поврзување на целиот овој регион. Оваа инвестиција на Северна Македонија ѝ отвора нови европски рути и воспоставува поврзување со регионот, што е од исклучителна важност за нашата економија.

Среќен сум што реализацијата на патната инфраструктура продолжи без разлика на тешката економска криза не само кај нас, туку насекаде во светот. И покрај кризата, оваа Влада која ја предводам, инвестира во создавање на квалитетни услови за живот на сите граѓани без разлика во кој дел од државата се наоѓаат.

Јас нема да отстапам од инвестиции во инфраструктурата, нема да отстапам од инвестиции во енергетската независност на државата и нема да отстапам од инвестиции во зголемување на енергетските капацитети на државата, бидејќи тие се предуслов за економски раст на државата.

Посебно ми е драго што овој автопат ќе биде голема шанса за развој на Северна Македонија. Коридорот 8 и 10д се многу важни за нашата стратешка автономија со која нашата земја ќе се најде на сообраќајната и економската карта на Европа.

Владата ќе продолжи да инвестира во инфраструктурата, ќе продолжиме да инвестираме во проекти кои долгорочно ќе обезбедат економски раст на државата.

На крај сакам да им порачам на изведувачите, на проектантите, на надзорот, на колегите од МТВ, на вработените и раководството на ЈПДП нека е среќен денешниот ден и нека биде со лесно и плодно и градежните работи да завршат во предвидениот рок“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy