Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Концептот на СДСМ значи поголеми плати, пензии и демократија, на ДПМНЕ изолација и насилство
Македонија

Ковачевски: Концептот на СДСМ значи поголеми плати, пензии и демократија, на ДПМНЕ изолација и насилство

19/02/2024

AA

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска го отвори промотивниот штаб на партијата во Расадник, општина Кисела Вода.

Во обраќањето пред присутните членови, граѓани и симпатизери, Ковачевски рече дека концептот на СДСМ значи поголеми плати, пензии, слобода на говор и демократија а концептот на ДПМНЕ изолација и насилство.

-Пред граѓаните во моментов има два концепти. Едниот е концепт посветен на демократија, поголеми плати, поголеми пензии, повеќе инвестиции, повеќе и подобро платени работни места, повеќе пари назад кај граѓаните, слобода да секој си го каже мислењето, концепт на европска Македонија. Вториот концепт е концептот на изолација, страв, насилство, концепт во кој работникот е неважен, продаван низ светот како евтина работна сила, концепт на фрлени пари за споменици, стиропор што ден денес се распаѓаат, жални врби и криминал, рече Ковачевски.

Оваа разлика беше јасна и видлива и досега, но минатата недела можевме со конкретни примери да се потсетиме што значи ВМРО на власт и што значи режим, додаде тој.

-Ние две години работиме и обезбедуваме поголеми плати и пензии, тие после две години блокади, за неполни 3 недели колку што имаат министри во техничката Влада, го покажаа вистинско лице, нема никаква промена. Што значи кога вработени во МВР тепаат свои колеги само затоа што си ја извршувале својата работа. Што значи кога член на обезбедување на нивниот прв човек ги тепа своите колеги, овие не смеат ни да пријават дека се тепани. Два дена не смее да направи внатрешна контрола извештај таму. Е тоа е најголемиот потсетник на 2006 година. Ама една работа забораваат, СДСМ е прогресивна партија, СДСМ не е партија на капиталот, СДСМ е партија на трудот. СДСМ е левицата на оваа држава. СДСМ е центарот на оваа држава. СДСМ се синдикатите, работниците, СДСМ се граѓаните, СДСМ се пензионерите и студентите. Истите тие кои до 2016 година беа малтретирани и тепани по плоштадите и библиотеките, сите тие се СДСМ. И не постои капитал, не постојат пари кои можат да ја победат таа волја за напредна и просперитетна држава која што само со нас може да ја имаат граѓаните. Веднаш гледаат граѓаните, изјави дека ќе било хорор, закани, тепачки по автобуси, истепан полицаец. Нема никаква разлика меѓу она ВМРО со Груевски и ова сега со Мицкоски. Тоа е иста матрица, истите техники, истите криминални структури, само се различни луѓето што ги спроведуваат. Затоа, никогаш повеќе режим“ прача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy