Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Компаниите кои не ги намалија цените нема да добијат повеќе субвенционирана струја
Економија

Ковачевски: Компаниите кои не ги намалија цените нема да добијат повеќе субвенционирана струја

24/02/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на презентацијата на втората инвестиција на „Гересхајмер“ рече дека, според него, најповолен е моделот според кој ќе се укине субвенционираната струја од 80 евра за мегаватчас за компаниите од прехранбениот сектор што не ги намалиле цените во меѓувреме.

Претходно, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека од 1 март треба да се укине субвенционираната електрична енергија за сите компании, бидејќи се покажало дека нема ефект од мерката и дека со тие пари подобро е да им се помогне на најзагрозените граѓани. Предлогот ќе биде доставен до Владата, а сега Ковачевски вели дека не треба „сите да бидат казнети“.

„Ова беше барање на стопанските комори и кажавме дека ќе излеземе во пресрет за да се намали цената на основните прехранбени производи до 10 отсто. Имаме намалување на цените кај добар дел од нив од 7 до 12 проценти, но и кога ќе ја видиме месечната инфлација има два месеци по ред намалување.

Има компании кои немаат намалување на цените, а Државниот пазарен инспекторат веќе ја направи анализата зотшо е тоа така. Доколку нема објективни причини за да не биде намалена цената, нема да добиваат субвенционирана електрична енергија. Тоа се средства на граѓаните за да се намалат цените за граѓаните. Мојот пристап е токму тие компании повеќе да не добиваат субвенционирана електрична енергија. Кога беше 350 евра мегаватчас, ние ја финансиравме да биде до 80 евра за мегаватчас“, искоментира Ковачевски на новинарско прашање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy