Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски ги провери цените: Ковачевски: Владините одлуки се почитуваат, ќе има и други интервенции ако се процени дека е потребно
Македонија

Ковачевски ги провери цените: Ковачевски: Владините одлуки се почитуваат, ќе има и други интервенции ако се процени дека е потребно

28/03/2023

AA

Драго ми е што се уверивме дека нашите одлуки се почитуваат, се надевам така е во сите маркети. Пријатно се изненадив и дека цената на брашното е намалена без државата да донесе одлука. Го поздравуваме ваквиот потег, ги охрабруваме и другите продажни места да го следат овој чекор, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски по посетата на скопски маркет во Тафталиџе, каде беше придружуван од министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

Ковачевски во оваа прилика порача дека е време компаниите да им вратат на граѓаните, како што државата им помогна на компаниите кога им беше најпотребно.

Во однос на цените, истакна, дека ќе има и други интервенции ако анализите покажат дека е потребно.

-Нашата посета денеска не е случајна. Водиме практична и инклузивна политика, носиме одлуки што ги засегаат граѓаните, сакаме да го слушнеме нивниот глас. Тука нема да застанеме, ќе продолжиме да го штитиме стандардот на граѓаните, нема да дозволиме лично богатење во време на криза. Ова е време на солидарност, а не време на остварување профити. Време е сите компании да им вратат на граѓаните, им пруживме рака за стабилност, сега бараме тие да пружат рака, само така, со заемна помош, може да ја пребродиме кризата, изјави Ковачевски.

Тој потсети и дека наближуваат Велигден и Бајрам, а цените на јајцата, меѓудругото, се замрзнаа и за да им се излезе во пресрет на сите граѓани за претстојните празници.

-Од октомври до денес инфлацијата се намалува на месечно ниво, што значи дека владините мери даваат резултат, оцени премиерот.

Пред изјавата, Ковачевски беше пресретнат и прашан за пензиите од повозрасна потрошувачка во маркетот, која во кусиот разговор, меѓу другото, посочи дека цените се многу високи и скапи се лековите.

-Цените се до плафон, со два денара макарони и јајца еден денар на 99 денари сега ги замрзнавте. Многу тежок дојде животот, ниту лекарства можеме да купиме, рече потрошувачката.

Ковачевски потсети дека се замрзнати цените на дел од производите и најави дека во септември ќе има уште едно зголемување на пензиите. Само овој март, напомена, пензиите беа зголемена за 8,4 проценти.

-Точно е дека цените беа многу зголемени зашто се води војна во Европа и секаде се зголемени, рече премиерот, додавајќи дека е секогаш подготвен и отворен да разговара со граѓаните, како и да одговара на нивни прашања.

Ковачевски во придружба на Бектеши и Трајковски, пред десетина дена посети маркет во Капиштец, за да провери дали се почитува владината одлука за замрзнување на цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно 10 проценти.

Владата на 21 март ја замрзна цената на јајцата и оризот и го ограничи извозот на јајцата. Највисоките цени на оризот и јајцата останаа на нивото од 15-ти овој месец и ќе важат до 30 април. Претходно Владата ја замрзна и цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама на 33 денари, а Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе достави анализи до Министерството за економија и за цените на овошјето и зеленчукот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy