Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: Не можеме да бидеме неутрални кога се кршат меѓународното право и европската безбедносна архитектура
Македонија

Османи: Не можеме да бидеме неутрални кога се кршат меѓународното право и европската безбедносна архитектура

28/03/2023

AA

Ставот на Северна Македонија во однос на агресијата врз Украина, не е став кон рускиот народ и кон Русија, туку кон агресивното однесување на руските власти кое го загрозува светскиот мир, преку рушење на основните принципи на кои се темели мирот во светот, во Европа и во земјава, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Тоа се принципи, кои го одржуваат и мирот во нашата држава. Нашите граѓани уживаат мир, затоа што после Втората светска војна е воспоставен меѓународен правен ред и поредок кој што спречува државите насилно да ги нападнат соседните држави, рече Османи на прес-конференција за време на министерскиот состанок на Иницијативата „САД-Јадранска Повелба“ (А5), што денеска се одржува во Скопје.

Во одговор на новинарско прашање за коментар на оценката на Москва дека земјава направила грешка со испраќањето оружје за Украина, Османи истакна дека Северна Македонија не може да остане неутрална во услови кога Руската Федерација насилно и неоправдано ги прекрши основните принципи на меѓународното право и на меѓународното хуманитарно право, кои воедно се и принципи на европската безбедносна архитектура кои го одржуваат мирот во Европа во последните 70 години.

– Ние не даваме оружје на Украина за да нападне друга држава, туку за да се брани. Денес Украина не ги брани само сопствените граѓани и сопствениот мир. Денес украинските војници и украинскиот народ се борат и за нашиот мир. Се борат и за нашите вредности, рече Османи.

Тој посочи дека самиот фактот што земјава е дел од тој систем на вредности, во кој што доминира принципот на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на суверените држави, владеењето на правото, демократијата и човековите права, покажува дека сме на вистинската страна на историјата.

– Билатералните односи со Русија сега се многу помалку важни од загрозувањето на мирот што започна со руското агресивно однесување и ја отвора Пандорината кутија за слично такво однесување на агресивните режими, нагласи Османи.

Шефот на дипломатијата потенцира дека ако се дозволи голема земја да го нападне својот помал сосед, тогаш тоа ќе стане правило и никој утре не може да спречи такво сценарио и во други региони.

– Затоа денеска треба да се каже стоп на праксата државите да го нарушуваат територијалниот интегритет и суверенитетот на соседните држави, додаде Османи.

Тој посочи дека на денешниот министерски состанок на А5 виртуелно се обратил и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој и се заблагодарил на земјава за политичката и хуманитарната поддршка и изразил поддршка за Јадранската повелба како платформа за концентрирање на евроатлантската енергија во регионот.

– Каде што има евроатлантска енергија, таму има мир, таму има стабилност, тоа се докажува сега. Во земјите каде што го нема НАТО чадорот, постои војна, постојат ризици. Од перспективата на Украина можеби најдобро се гледа важноста на фактот дека ние сме денес во НАТО, истакна Османи, потсетувајќи дека вчера земјава одбележа три години од зачленувањето во Алијансата.

Според него, токму членството на земјава во НАТО, ни го овозможува комодитетот да живееме во мир и покрај фактот што во наша близина има војна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОД СИЛНИТЕ УДАРИ ЛИЦЕТО Ѝ БИЛО ДЕФОРМИРАНО Брутално претепана жена

27/11/2026
Македонија

Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ ДОДЕКА ПИЕЛА КАФЕ, ПА Ѝ

27/11/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ БОТУН, ПАДНАТО ДРВО ГО БЛОКИРА

27/11/2026
Македонија

ПЕТМИНА ЗЕЛЕ ПЛАТА, А ВООПШТО НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТА Пријавен

27/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА НАЈДОЛГО ЧЕКА, ЧУВСТВУВАМ НАЈГОЛЕМА БОЛКА ЗА НЕА Пирц-Мусар се

27/11/2026
Македонија

СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ОГРАБЕНА ЗЛАТАРНИЦА ВО КУМАНОВО Сторителите однеле злато,

27/11/2026
Македонија

БИ САКАЛ СИТЕ ДА БИДЕМЕ ВО ЕУ, НО ТАА МОРА

27/11/2026
Македонија

„СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА НЕ НÈ ОСТАВИЈА САМИ НА ПАТОТ КОН

27/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46971
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОД СИЛНИТЕ УДАРИ ЛИЦЕТО Ѝ БИЛО ДЕФОРМИРАНО Брутално претепана жена од Гостивар со тешки повреди

27/11/2026

Жена од Гостивар била брутално претепана од сопругот, по што со тешки повреди завршила во болница, дознава Плусинфо. Од СВР

Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ ДОДЕКА ПИЕЛА КАФЕ, ПА Ѝ ЈА УКРАЛ ЧАНТАТА Разбојникот извадил

27/11/2026

Жена во Тетово останала без 4.000 денари откако маж ѝ се заканил со нож додека седела пред кафетерија и пиела

АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ БОТУН, ПАДНАТО ДРВО ГО БЛОКИРА СООБРАЌАЈОТ Целосен прекин на магистралата

27/11/2026

Сообраќајот на магистралниот пат Охрид – Скопје вечерва е целосно во прекин кај селото Ботун, откако патничко возило излетало од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy